Епаноми има долга историја, со оглед на тоа што се смета е втора најстара населба во Егејска Македонија и била населена уште од неолитскиот период. Епаноми е мало гратче чијашто економија се заснова на туризам и земјоделство. Познато е помеѓу Грците по своите брегови и прекрасни организирани плажи со сино знаме, лесно достапни од Солун. Исто така е познато по својата традиција на добро вино и ципура.