Кадино
Кадино | |
Влезот на село Кадино со патниот знак | |
Координати 41°58′8″N 21°36′5″E / 41.96889° СГШ; 21.60139° ИГД | |
Општина | Илиден |
Население | 2.340 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25070 |
Кадино на општинската карта Атарот на Кадино во рамките на општината | |
Кадино на Ризницата |
Кадино — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Кадино се наоѓа во непосредна близина на Скопје, поточно на 12 км од потесното градско подрачје, а го зафаќа источниот дел на Скопската Котлина, на тромеѓата Скопје-Куманово-Велес. Административно, според територијалната поделба спаѓа под општина Илинден.
Од запад се граничи со село Идризово Од север со село Марино, североисток со село Бунарџик, а од исток и југ со село Миладиновци односно село Мралино.
Има многу добра сообраќајна поврзаност, бидејќи преку нејзината територија минуваат делниците М-1, М-3 и М-4 од меѓународните автопати и тоа: коридорот 10 (Е-75) север-југ и коридорот 8 (Е-65) исток-запад; железничката линија Белград-Скопје-Атина и меѓународниот аеродром „Скопје“.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Голем број на луѓе се доселиле од Кривопаланечко во селото Кадино во педесеттите години на XX век.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано како Кади Ќој со христијанско население, каде имало 36 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 136 мажи христијани, со 13 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 298 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 294 жители.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кадино Село живееле 170 жители, сите Македонци[4].[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кадино Село имало 176 Македонци[4], под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од Општина Бунарџик и има 205 жители.[7]
Кадино е големо село, коешто во 1961 година имало 922 жители, а во 1994 година 1.727 жители, од кои 1.481 биле Македонци, 24 Албанци, 1 Турчин, 1 Ром, 146 Срби и 74 други.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.090 жители, од кои 1.845 Македонци, 11 Албанци, 13 Турци, 11 Роми, 140 Срби и 70 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.340 жители, од кои 2.088 Македонци, 29 Албанци, 8 Роми, 81 Србин, 15 останати и 119 лица без податоци.[9]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 782 |
1953 | 615 | 5 | — | 1 | — | 165 | ... | 2 | — | 788 |
1961 | 749 | 5 | — | ... | ... | 162 | ... | 6 | — | 922 |
1971 | 951 | 33 | — | — | ... | 169 | ... | 7 | — | 1.160 |
1981 | 1.236 | 46 | — | — | — | 177 | ... | 7 | — | 1.466 |
1991 | 1.406 | 31 | — | 6 | — | 138 | — | 63 | — | 1.644 |
1994 | 1.481 | 24 | 1 | 1 | — | 146 | — | 74 | — | 1.727 |
2002 | 1.845 | 11 | 13 | 11 | — | 140 | — | 70 | — | 2.090 |
2021 | 2.088 | 29 | — | 8 | — | 81 | — | 15 | 119 | 2.340 |
Родови
[уреди | уреди извор]Кадино е мешано село.
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се.
Македонски
- Доселеници: Тргачевци (22 к.), Филиповци (10 к.) и Стаменковци (3 к.) ова се трите најстари рода во селото. Доселени се, но не знаат од каде; Субашовци (5 к.) доселени се од селото Кишино кај Свети Николе. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 50 г. во 1953 година) Миајло-Стојан-Ване, основачот на родот кој се доселил; Посерковци (5 к.) доселени се во XIX век од селото Долно Лисиче. Старо име им било Дуњешковци; Варварци (3 к.) и Најдовци (6 к.) доселени се од селото Варвара во долината на Маркова Река; Китинчевци (3 к.) доселени се од селото Долно Лисиче; Богдановци (2 к.) доселени се од селото Текија. Го знаат следното родословие: Мите (жив на 32 г. во 1953 година) Трајан-Младен-Богдан, кој се доселил; Мурџевци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде; Корабџиовци (3 к.) доселени се од селото Јурумлери; Димитријовци (1 к.) доселени се однекаде; Гочевци (3 к.) доселени се од Лисиче; Ваневци или Роглевци (4 к.) доселени.се од селото Бунарџик. Таму имале роднини; Златановци (3 к.) и они се доселени од селото Бунарџик во 1919 година; Атанасоски (1 к.) доселени се во 1919 година од мијачкото село Лазарополе; Стојанови (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Радишани; Иваноски (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Пуста Брезница. Таму припаѓале на родот Василевци; Ивкоски (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Љубанци; Филипоски (1 к.) и Николоски (1 к.) доселени се во 1942 година од мијачкото село Галичник; Митрески (1 к.) доселени се во 1942 година од мијачкото село Лазарополе; Софраниоски (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Мелничани кај Дебар; Давчеви (1 к.) и Апостоловски (1 к.) доселени се во 1942 година од Скопје.
Српски
- Доселеници: Ѓоргијевски (1 к.) овој род потекнува од дечко кого го украле некои Роми од околината на Бујановац во Србија, во 1912 година. Детето подоцна е посинето во родот Субашовци; Милошевиќи (2 к.), Балканџици (8 к.) и Велковиќи (2 к.) доселени се во 1920 година од селото Петровац кај Пирот во Србија; Ранчиќи (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Сукова кај Пирот во Србија; Маниќи (1 к.) доселени се во 1934 година од селото Држина кај Пирот во Србија; Страхиниќи (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Вучиделци кај Сурдулица во Србија; Станковиќи (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Гостиљ кај Ужице во Србија; Карановиќи (1 к.) доселени се во 1920 година од околината на Шабац во Србија;. Пејиќи (4 к.), Павковиќи (1 к.) и Каменковиќи (3 к.) доселени се во 1921 година од селото Осредци кај Лика во Хрватска; Богдановиќи (1 к.) доселени се во 1921 година од Лика во Хрватска; Десниќи (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Срба кај Лика во Хрватска; Рогановиќи (1 к.) доселени се во 1921 година од селото Струпиќ кај Мостар во БиХ; Јовановиќи (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Вучковица кај Чачак во Србија; Жигиќи (2 к.) доселени се во 1927 година од селото Дуги До кај Лика во Хрватска; Радојици (1 к.) доселени се во 1950 година од селото Ташковца кај Босанска Крајина во БиХ.
Влашки
- Доселеници: Спировци (1 к.) по потекло се од Крушево. Од каде се иселиле во Скопје, па од таму во 1932 година во Кадино.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- ООУ „Ристо Крле“ ― основно училиште
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви
- Црква „Св. Илија“ — селска црква од средниот век, обновена за време на преродбата
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Кадино
- Коле Давчев (? - 1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Кадино има добро развиен спорт. Најзастапен е фудбалот со екипата ФК Кадино.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ 4,0 4,1 Македонците биле забележани како Бугари.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 207
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 114-115.
- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје: Филозофски факултет.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|