Димитар Пандилов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Димитар Пандилов
Димитар Пандилов-Марка.jpg
Марка на Македонска пошта од 1999 г. по повод стогодишнината од раѓањето на Пандилов
Значајни делаПокрај вода, 1925

Жетварки, 1926
Акт, 1928
Товарен воз, 1950
Есен, 1951
Вршидба, 1951

Жетва, 1954

Димитар Аврамовски Пандилов (1 март 1899 - 26 јули 1963) — истакнат македонски уметник, претставник на импресионизмот и еден од основачите на ДЛУМ.

Роден е во 1899 г. во с. Тресонче. Завршил ликовна академија во Софија, 1924 год. Бил во Франција (Монпелје и Париз), каде што меѓу другото работел и на академијата „Гранд Шомјер“ (1928).

Самостојно излагал (од 1926 год.) во Ќуприја, Скопје, Софија. Излагал на повеќе групни изложби во Софија и во Југославија; меѓу другото на повеќе тематски и репрезентативни изложби на македонската уметност.

Пандилов е претставник на жанрот битово сликарство со неговите дела што го обработуваат народниот живот и битот на македонскиот народ.

Загинал во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 г.

Најпознати дела[уреди | уреди извор]

  • „Покрај вода“ (1925) [1]
  • „Жетварки“ (1926)
  • „Акт“ (1928)
  • „Вршидба“ (1936)
  • „Жетварки“ (1936)
  • „Товарен воз“ (1950)
  • „Вршидба“ (1951)
  • „Жетва“ (1954)
  • „Режење на афион“
  • „Невести на чешма“

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Аврамовски, Димитар Пандилов“. Македонска енциклопедија , книга : стр. . (2009). Скопје: МАНУ.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]