Бањане

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бањане
Бањане is located in Македонија
Бањане
Местоположба на Бањане во Македонија
Координати 42°6′29″N 21°23′17″E / 42.10806° СГШ; 21.38806° ИГД / 42.10806; 21.38806Координати: 42°6′29″N 21°23′17″E / 42.10806° СГШ; 21.38806° ИГД / 42.10806; 21.38806
Општина Coat of arms of Čučer Sandevo Municipality.svg Чучер-Сандево
Население 597 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 528 м
Бањане на општинската карта
Бањане во Општина Чучер-Сандево.svg

Атарот на Бањане во рамките на општината
Commons-logo.svg Бањане на Ризницата


Бањане или Бањани — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Бањане е планинско село во кои куќите се збиени една до друга. Селото се наоѓа во Скопска Црна Гора, на 15 километри северно од Скопје. Околни села се Горњане и Чучер од запад, Кучевиште од исток, и Глуво/Бразда од југ. Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња Крепје или Рид, Варница, Средни Рид, Јама, Појата, Марков Камен, Петров Камен, итн.[1]

Бањане во 1919 година
Александар Македонски (најдесно) и неговите соперници (налево: Кир, Пор и Дариј), прикажан на фрескопис во бањанската црква „Св. Великомаченик и Победоносец Ѓоргија“ од XVI век

Историja[уреди | уреди извор]

Според бугарските ивори, во селото се доселиле српски доселеници во периодот 1689-1739 година.[2]

Во НОБ од селото учествувале следните жители: Љубомир Ацковиќ, Петар Ацковиќ, Краљо Ацковиќ, Стојко Бошковиќ, Милан Бошковиќ, Лазо Васиљковиќ, Стојко Васиљевиќ, Душан Вујиќ, Јордан Вујиќ, Велко Вујиќ, Јован Вукановски, Стојко Гораничиќ, Велко Жежовски, Тодор Жежовски, Илија Јазаџиќ, Краљо Јазаџиќ, Стеван Јазаџиќ, Русе Спасов, Боро Каевиќ, Никудин Каевиќ, Живко Каевиќ, Александар Каевски, Душан Каевиќ, Александар Кириќ, Сокол Кириќ, Данко Колариќ, Воислав Ковачевиќ, Милан Љубовчевиќ, Душан Мијачиќ, Стојан Мијалчиќ, Блажо Мијалчиќ, Драган Мутовски, Ратко Паунковски, Петко Поповски, Никудин Поповиќ, Стојко Поповиќ, Милан Поповиќ, Александар Рајковчевски, Љубомир Циговиќ, Стојко Циговиќ, Душан Горанчиќ, Бранислав Вујовски, Краљо Шаговски, Милан Шопиќ, Младен Чакалиќ, Спасо Шопиќ, Александар Чаколиќ, Димо Колариќ, Живко Вујиќ, Александар Паунковиќ, Русомир Каевиќ, Љубомир Павчевиќ, Русомир Каевиќ, Русе Каевиќ, Стојче Поповски, Александар Јазаџиски и Биљко Шопкин.[3]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Бањане живееле 400 жители, сите Македонци.[4]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бањане имало 600 патријаршисти србомани и во селото функционира српско училиште.[5]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 597 жители. Следува табела на националната структура на населението[6]

Националност Вкупно
Македонци 294
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 288
Бошњаци 0
Други 5


На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 800
1953 119 8 670 ... 1 798
1961 382 5 ... ... 293 ... 7 687
1971 214 6 ... 401 ... 4 625
1981 400 5 224 ... 31 660
1991 245 8 233 135 621
1994 221 8 324 10 563
2002 294 288 5 597

Родови[уреди | уреди извор]

Бањане е православно македонско-српско село.

Родови во селото се: Башчиќевци се делат на Рајковчевци (8 к.), Жежовци (6 к.) и Василковци (5 к.) од овој род бил Ѓоргија Башчиќевски кој бил кмет на селото. Ковачевци (3 к.), Кировци (6 к.), Јазаџини (6 к.), Паунковци (3 к.), Царевци (3 к.), Чакаловци (8 к.), Миличини (5 к.), Вујовци (6 к.), Шопкини (6 к.), Шаговци (5 к.), Љубовчеви (2 к.) староседелски родови. Последните три рода потекнуваат од ист предок, и родовите Јазаџини, Паунковци и Царевци потекнуваат од ист предок; Поповци (10 к.) доселени се од местото Букоо-рамно на планината Скопска Црна Гора; Павчевци (5 к.) и они се доселени од местото Букоо-рамно, една нивна гранка се вика Вукановци, ја знаат следната генеологија Раде (жив на 64 год. во 1969 година) Перо-Додо-Стојко, од Букоо-рамно се доселил неговиот татко; Коларовци (9 к.) доселени се од местото Св. Спас на планината Скопска Црна Гора; Горанчани (7 к.) доселени се од денес албанското село Горанце кај Качаничка Клисура; Крагујевци (5 к.) за нив некој наведува дека се доселени од околината на Крагуевац, Србија. Меѓутоа они имаат ниви на местото Св. Спас па најверојатно од таму се доселени; Бошковци (8 к.) доселени се од велешко; Станковчевци (4 к.) доселени се од Чучер; Василевци (3 к.) доселени се од Горњани, каде припаѓале на родот Маринковци; Мутовци (4 к.) доселени се однекаде; Кајовци (13 к.) по потекло се од селото Ѓерекара во Биначка Морава. Во тоа село по кажување биле тројца браќа. Меѓутоа кога се вршело потурчување двајца браќа го примиле исламот, а едниот несакал да го прими и избегал и се иселил во селото Горњане. Меѓутоа неговата куќа во Горњане изогорела и затоа се иселиле во селото Чучер. Во Чучер останале неговите два сина (Денес 20 к.), додека третиот дошол во селото Бањане.[1]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Цркви

Личности[уреди | уреди извор]

  • Стефан Василев — македонско-одрински доброволец;[8]
  • Венко Петров (р. 1961) најпознат како Отец Методиј Македонецот — игумен на најголемото руско светилиште Валаам и еден од најголемите современи руски духовници;[9]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Трифуноски, Јован (1971). Скопска Црна Гора. Скопје: Универзитет Кирил и Методиј. стр. 62-63-64-65-66. 
  2. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 296.
  3. Стојановски, Бојко (1999). Скопско црногорие од Бразда до Брњарци. Скопје. 
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 206.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
  6. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  8. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.114.
  9. ИГУМЕН МЕФОДИЙ – ЧЕЛОВЕК С ОТКРЫТЫМ СЕРДЦЕМ

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]