Црква „Св. Илија“ - Бањане

Од Википедија — слободната енциклопедија
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Илија
Црква „Св. Илија“ 3.jpg

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба

Карта

Координати 42°7′48″N 21°23′15″E / 42.13000° СГШ; 21.38750° ИГД / 42.13000; 21.38750Координати: 42°7′48″N 21°23′15″E / 42.13000° СГШ; 21.38750° ИГД / 42.13000; 21.38750
Место Бањане
Општина Чучер-Сандево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Завршено XIV век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Св. Илија Горницрква во скопското село Бањане, Општина Чучер-Сандево. Му припаѓа на Северноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ - ОА. Претставува храм на истоимениот манастир. Црквата е прогласена за културно наследство на Македонија.[1]

Сместена е на падините на Скопска Црна Гора, недалеку од селото и долината на Бањанска Река.[2]

Манастирската црква мала еднокорабна градба со тристрана олтарна апсида од исток, изградена во XIV век. От северната страна црквата е споена со карпа која ѝ дава необичен изглед. Внатрешноста е покриена со живопис од кој се распознаваат два слоја. Првиот е постар и датира од самата изградба на црквата.[2]

Во 1846 година иконостасните икони се обновени од Дичо Зограф, што е наведено на парапетната плоча на иконостасот под престолната икона на Исус Христос Седржител, потпишана и датирана со 1846. Негови се и осумте апостолски икони.[3]

Слики[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. 2,0 2,1 „Св. Илија Горни, с. Бањани, Cкопско“. Macedonium. Посетено на 5 април 2014.
  3. „Иконописното творештво на Дичо Зограф во Скопје и Скопскиот регион“. Премин Портал. Посетено на 23 март 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]