Црква „Св. Ѓорѓи“ - Бањане

Координати: 42°6′27″N 21°23′08.92″E / 42.10750° СГШ; 21.3858111° ИГД / 42.10750; 21.3858111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба

Карта

Координати 42°6′27″N 21°23′08.92″E / 42.10750° СГШ; 21.3858111° ИГД / 42.10750; 21.3858111
Место Бањане
Општина Чучер-Сандево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Ѓорѓи
Изградба 1549
Живопис 1549
1846
Зограф непознат
Дичо Зограф
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Свети Ѓорѓи — главна селска црква во скопското село Бањане.[1] Прогласена е за споменик на културата на Македонија.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во самото село Бањане. Покрај црквата се наоѓало селското училиште до 1964 година.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Како што е наведена и на натписот над влезот во црквата, градбата потекнува од 1549 година.[2] Таа е завршена во време на султанот Сулејман.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е добро зачувана. Нејзините димензии се 7,20 × 3,90 метри.[2] Таа е еднокорабна црква, изградена од добро обработен делкан камен, оживеана со редови тули, по принципот на старите византиски градби и засводена со полуцилиндричен свод. На нејзината источна страна се наоѓа тристрана апсида.[3]

Во 1856 година, на западната страна бил доѕидан еден широк трем, за што постои натпис над вратата од ктиторот Петар Каовче.[3]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Црквата поседува фрескоживопис. Својот живопис го добила истата година кога и завршена нејзината градба, односно во 1549 година.[3]

Самиот фрескоживопис се одликува со високи уметнички квалитети. Сепак, авторот на живописот не се знае, но неспорно припаѓа на групата на најталентирани сликари од тоа време. Неговото сликање е смело и динамично, со богат колорит и особено внимавал на обработката на ткаенините, што е многу редок случај. Воедно, композициските проблеми се добро решени, а одделни детали се работени со многу фантазија и грижливост. Фреските во црквата може да се споредат со најубавите современи остварувања на подоцнежните творби од Света Гора и од Костур.[3]

На север, покрај самиот олтар, е насликан Христос со сакос и омофор врз кои се сликани серафими. Богородица е насликана со круна на главата, додека Свети Јован држи крст и свиток, заедно со својата глава на послужавник. Од двете страни на Христос е испишан текстот од 92. псалм.[3]

Во 1846 година бил изведен нов живопис во црквата од страна на Дичо Зограф. На северниот и западниот ѕид насликал светители во цел раст, додека на западната страна најголемо внимание привлекува композицијата „Страшниот суд“, која зафаќа половина од насликаниот простор.[3] Токму оваа композиција е занимлива и го привлекува вниманието поради тоа што на нејзе се наоѓа насликан и Александар Македонски.[4]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Иконостасот во црквата бил насликан од познатиот Дичо Зограф во 1846 година.[3]

Во зимата 1845-1846 година, Дичо Зограф и неговите помошници, ги изработиле престолните икони за самиот иконостас. Воедно, тој ги изработил и иконите на апостолите со композицијата на дејзисот и празничните икони.[3]

Дела на Дичо Зограф

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован Ф.; Трифуноски, Јован Ф. (1971). Скопска Црна гора : природна средина, прошлост, насеља, становништво и привреда : (са скицама, фотографијама и картом) = Skopska Crna Gora : antropogeographische Forschungen. Skopje: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. OCLC 637308591.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 „ЦРКОВНАТА ТРАДИЦИЈА ВО СКОПЈЕ И СКОПСКО ОД IV ВЕК ДО ДЕНЕС (2- дел)“. www.preminportal.com.mk. Посетено на 2020-02-07.
  4. „Александар Македонски на фреска во црквата Свети Ѓорѓи | Вистина“. web.archive.org. 2015-04-12. Архивирано од изворникот на 2015-04-12. Посетено на 2020-02-07.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]