Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Кучевиште

Координати: 42°6′43.92″N 21°25′00.84″E / 42.1122000° СГШ; 21.4169000° ИГД / 42.1122000; 21.4169000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Воведение на Пресвета Богородица
Свети Спас

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Северноскопско
Местоположба

Карта

Координати 42°6′43.92″N 21°25′00.84″E / 42.1122000° СГШ; 21.4169000° ИГД / 42.1122000; 21.4169000
Место Кучевиште
Општина Чучер-Сандево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Пресвета Богородица
Изградба XIV век
Архитектонски опис

Воведение на Пресвета Богородица (многу позната и како Свети Спас) — главна селска црква во скопското село Кучевиште.[1] Прогласена е за споменик на културата на Македонија.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во самото село и може да се каже дека преовладува во просторот, особено во стариот дел на селото.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Историските податоци навестуваат дека црквата постоела во 1348 година. Се верува дека е подигната во периодот 1321-1331 година и дека била подигната од страна на жупанот Радослав.[2] Така, се верува, дека црквата била изградена и живописана со средства на властелинското семејство, чии членови биле Арсен, Радослав и Владислава.[3]

Црквата всушност претставува збир на повеќе градби. Првобитната црква потекнува од 1348 година, а подоцна била доградена припрата и затворен трем, кој некое време служел и како училиште.[4]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата, во основа, има облик на впишан крст во правоаголен простор, со висока купола над средишниот простор. Куполата се крепи на четири столба.[4][5] Поседува апсида од надворешната страна во петоаголен облик. Градбата на црквата била ѕидана со делкан камен, тули и малтер. При ѕидањето, фасадите биле украсени со керамопластична декорација. Кон западната фасада, црквата подоцна добила припрата, која имала приземје и кат. Приземниот простор на припратата бил засводен со три полукружни свода, а катот над приземјето имал облик на еднокорабен засводен простор. Припратата потсетува на црквите-гробници, во кои биле закопувани ктиторите.[3]

Подоцна, на западната страна од самата припрата и на јужната страна на црквата бил изграден широк трем.[3]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Живописот во олтарот и наосот бил изработен до 1331 година. Набргу потоа, во западниот дел од храмот била подигната припратата, која била живописана во периодот 1332-1337 година.[5] Црквата е целосно живописана, освен припратата од јужната страна. Во текот на XIX век, живописот бил пресликан, но тој живопис бил отстранет во текот на 1960-тите години со конзерваторска постапка.[3]

Фрескоживописот е делот на двајца непознати зографи, кои несомнено биле мошне талентирани.[3] Според други извори се работи за зографот Григориј.[4]

Од најстариот живопис во црквата, може да се издвојат композициите „Оплакувањето на Христа“, „Богородица со Исус Христос“ и други.[4]

Во 1337 година била насликана припратата. На северниот и јужниот ѕид, непознатиот сликар ги насликал портретите на ктиторите: војводата Дејан и неговата жена Владислава, сестра на жупанот Радослав, застанати покрај портретот на цар Душан и царицата Елена, а на северниот ѕид се насликани и нивните деца, Јован и Димитар.[3] На јужниот влез во наосот зачуван е ктиторскиот натпис, каде што се испишани имињата на Благоверната Марена, Радослав и Владислава (идната жена на војводата Дејан). Околу 1348 година царот Душан ја приложил заедно со селото, кај црквата Свети Архангели кај Призрен.[5]

Во XVI век биле насликани поединечни фигури и композиции на јужната фасада на црквата, а во XVII век непознат зограф го насликал житието на Свети Ѓорѓи во самата припрата.[3]

Капела „Св. Никола“[уреди | уреди извор]

Црквата поседува капела посветена на Свети Никола, која се наоѓа на катот од припратата. Таа била повторно живописана во 1501 година.[3]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Во 1845 година, Дичо Зограф заедно со своите соработници работел на обновување на иконите од иконостасот, кои за жал изгореле во пожарот од 1983 година.[6]

За потребите на иконостасот ги изработил иконите „Раѓање Христово“, „Крштевање Христово“, „Влегување во Ерусалим“ и иконата со претставата на „Св. Петар“ од иконите со апостолите, а за кои без сомнение може да се тврди дека се дела на Дичо Зограф. Тие денес се чуваат во жртвеникот на олтарниот простор од црквата.[6]

Дела на Дичо Зограф, 1845 г.

Име[уреди | уреди извор]

Бидејќи самата црква уште одамна започнала да го слави Спасовден, црквата меѓу народот го добила и името Свети Спас. Уште во 1519 година бил споменат собор за Спасовден.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован Ф.; Трифуноски, Јован Ф. (1971). Скопска Црна гора : природна средина, прошлост, насеља, становништво и привреда : (са скицама, фотографијама и картом) = Skopska Crna Gora : antropogeographische Forschungen. Skopje: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. OCLC 637308591.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Свети“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1330. Text "series " ignored (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Црква Свети Спас, с. Кучевиште“. www.macedonium.org. Посетено на 2020-02-19.
  5. 5,0 5,1 5,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 110. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  6. 6,0 6,1 „ИКОНОПИСНОТО ТВОРЕШТВО НА ДИЧО ЗОГРАФ ВО СКОПЈЕ И СКОПСКИОТ РЕГИОН“. preminportal.com.mk. Посетено на 2020-02-19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]