Побошки манастир
Поглед на манастирските конаци | |
| Информации | |
|---|---|
| Целосно име | Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ - Побожје |
| Други имиња | Манастир „Св. Богородица“ - Побожје |
| Манастир на: | МПЦ - ОА |
| Посветен на | Пресвета Богородица |
| Епархија | Скопска |
| Цркви | Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ |
| Личности | |
| Место | |
| Место | с. Побожје, Општина Чучер-Сандево |
| Координати | 42°7′32″N 21°25′42″E / 42.12556°N 21.42833°E |
| Видливи остатоци | 1 црква, конаци, помошни објекти |
| Отворен за јавноста | да |
Побошки манастир — средновековен манастир во скопското село Побожје.[1] Прогласен е за споменик на културата на Македонија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот е сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, веднаш над скопското село Побожје, од каде води тесен асфалтиран пат во должина од 1 километар. Манастирот е подигнат во живописната долина на Побошка Река.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Се смета дека манастирот, како и голем број црковни споменици во околината на Скопје, биле изградени во XIV век. Првпат е споменат во повелба на кралот Милутин од 1300 година.[2]
Во текот на отоманскиот период, манастирот било едно од верските и културните средишта на овој крај.[2]
Манастирот отсекогаш имал монаси.[2]
Градби во манастирот
[уреди | уреди извор]Од манастирскиот комплекс до денес се сочувани: манастирската црква, старите и понови конаци и други помошни стопански објекти.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Побожје
[уреди | уреди извор]Црквата поседува зачуван живопис.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Манастирската порта
- Стариот конак
- Конак со чардаци
- Манастирската црква
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 5 Трифуноски, Јован Ф.; Трифуноски, Јован Ф. (1971). Скопска Црна гора : природна средина, прошлост, насеља, становништво и привреда : (са скицама, фотографијама и картом) = Skopska Crna Gora : antropogeographische Forschungen. Skopje: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. OCLC 637308591.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Побошки манастир“ на Ризницата ? |