Спасо Жежовски
Спасо Жежовски | ||
Роден | 1914 година Бањане, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 16 април, 1945 година Будровци, Хрватска | |
Почивалиште | Гробиштата во Бањане | |
Националност | Македонец |
Спасо Перов Жежовски ( 1914 во Бањане, Скопско — 16 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнувал од бедно селско семејство. Основно училиште завршил во селото, а подоцна се занимавал со земјоделство и чување добиток. На 15 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во борбите против балистите во близина на своето родно место, се истакнал со учество во првите борбени редови. По ослободувањето на Македонија заминал за Косово, каде учествувал во ликвидирањето на балистичките банди. Во составот на XV македонски корпус заминал за Срем. Учествувал како пушкомитралезец во пробивот на Сремскиот фронт и се истакнал со својата храброст. Загинал на 16 април 1945 година, во првите борбени позиции кај Будровци. По војната неговите посмртни останки биле пренесени и погребани во неговото родно село.[1]