Љубе Горански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубе Горански
Роден 3 септември, 1924 година
Бањани, Скопје, Македонија
Починал октомври, 1944 година
Чучер, Скопје, Македонија
Националност Македонец

Љубе Николов Горански (3 септември 1924 во Бањане, Скопско1944 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Љубе Горански

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. По пристигнувањето на партизанските бригади на скопскиот терен во 1944 година, материјално ги помагал, а во септември 1944 година и самиот стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Учествувал во борбите против балистите на терените на Скопска Црна Гора. Во почетокот на октомври 1944 година, бил во заседа против силни германски единици. Така во една истурена позиција бил погоден од непријателски куршум. Тешко ранет се обидел да дојде до своето село. Подоцна бил пронајден мртов од неговите другари кај Чучерски Дол. Бил закопан на селските гробишта во неговото родно село Бањани.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 185–186. На |first= му недостасува |last= (help)