Орман (Скопско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Орман
Поглед на Орман.jpg

Поглед на селото Орман

Орман is located in Македонија
Орман
Местоположба на Орман во Македонија
Координати 42°4′0″N 21°21′21″E / 42.06667° СГШ; 21.35583° ИГД / 42.06667; 21.35583Координати: 42°4′0″N 21°21′21″E / 42.06667° СГШ; 21.35583° ИГД / 42.06667; 21.35583
Регион Logo of Skopje Region.svg Скопски
Општина Coat of arms of Ǵorče Petrov Municipality.svg Ѓорче Петров
Област Скопско Поле
Население 461[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1060
Повик. бр. 02
Надм. вис. 350 м
Commons-logo.svg Орман на Ризницата


Орман — село во Општина Ѓорче Петров, во областа Скопско Поле, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северозападниот дел на Скопската Котлина, на територијата на Општина Ѓорче Петров. Орман се наоѓа недалеку од регионалниот пат Скопје-Качаник и е сместено на десниот брег на реката Лепенец.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 350 метри. Од градот Скопје, селото е оддалечено 11 километри.[2]

Селото се наоѓа непосредно на десниот брег на реката Лепенец при неговиот излез од Качаничката Клисура. Покрај селото поминува железничката линија Скопје-Урошевац. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од бунари во селото, но и од изворот Брес во атарот на селото.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Змијарник, Трлиште, Црвеница, Брес, Ливадиште, Пржини Ниви, Воденичиште, Средорек, Преку Јаруга, Метлиште, Лески, Коњушница, Желкарник, Стара Крушка, Чатал и Ограѓе.[3]

Селото е мало и не е поделено на маала. Сите куќи се наоѓаат на исто место.[3]

Во непосредна близина на селото во 2012 година започнала изградба на затворен комплекс за домување наречен „Верина“.[4]

Историja[уреди | уреди извор]

Во античко време, во близина на денешното село поминувал античкиот Вардарски пат, забележан во Појтингеровата карта.[5]

На денешната местоположба на селото се верува дека се наоѓал манастирот „Св. Благовештение“. На манастирот припаѓало големото село Орман, сместено 300 метри јужно од манастирот, во месноста Брес, каде се наоѓаат остатоци од куќи.[3]

Се верува дека во манастирот живееле калуѓери, но турската власт на денот на манастирската слава наредила да се сруши и да се убијат калуѓерите. Од масакрот се спасил само еден калуѓер, кој заминал за Скопска Црна Гора, каде во близина на селото Бањане подигнал нов истоимен манастир. Остатоците од стариот манастир може да се видат и денес во селото,[6] каде има и стари гробови.[3]

По рушењето на манастирот, селото го добила некоја „Циганка“[7] со својот син, која претходно помагала во манастирот. Од нив потекнувале и подоцнежните сопственици на селото. Чифчискиот начин на живот траел до 1925 година.[3]

За околината на селото Орман, Јордан Хаџи Константинов-Џинот го забележал преданието за борбата меѓу Крали Марко и Муса Кесеџија, кои се договориле да се борат, при што, ако Муса биде убиен, Марко да му насади смокви, а ако Марко биде убиен, Муса да му насади лоза. Бидејќи победил Крали Марко, тој насадил смокви како спомен на борбата. Според Џинот, гробот на Муса Кесеџија се наоѓал до реката Лепенец и дека „в това село има до 1.000 дрва ораси, една чудесна и морална хубавина има.“[8]

Во XIX век, Орман било село во Скопската каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мал атар, кој зафаќа простор од 3,6 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 206 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орман живееле 45 жители, сите Македонци.[9] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Орман имало 32 жители, егзархисти.[10]

Селото е мало, но без некои значајни промени во бројот на населението. Така, во 1961 година броело 265 жители, од кои 184 биле Македонци, 16 Срби и 3 Албанци. Во 1994 година, селото броело 227 жители, од кои 216 биле Македонци и 8 жители Срби.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Орман живееле 461 жител, од кои 418 Македонци, 28 Срби, 2 Роми и 13 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[11] 1905[12] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 45 32 210 215 205 229 297 236 227 461
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Орман е македонско село. Според истражувањата од 1950-тите на минатиот век, родови во селото се:[3]

  • Староседелци: Здравковци (4 к.), порано живееле на местото викано Брест, а старото презиме им е Гошевци;
  • Доселеници: Николовци (5 к.), доселени се од некое село во областа Порече; Димовци (2 к.), доселени се во 1908 година од македонското село Сарај, каде што претежно живеат Македонци со албанско потекло, пред тоа живееле во селата Горно Свиларе и Кучково; Кузмановци или Избеговци (3 к.), доселени се во 1910 година од селото Визбегово; Петковци (4 к.), доселени се во 1910 година од селото Волково, а таму биле доселени од Радишани; Китановци (1 к.), доселени се во 1909 година од соседното село Кучково, каде имале истоимени роднини; Мрчковци (1 к.), доселени се од селото Горњане, таму имаат истоимени роднини; Кајовци (2 к.), доселени се во 1922 година од селото Бањане, таму имаат истоимени роднини; Василевци (1 к.), доселени се од селото Мирковци, а таму од околината на Витина, Косово; Ристевци (1 к.), доселени се од околината на Пеќ, Косово. Најпрво во Скопје, потоа во селово и Маринковци (1 к.), доселени се во 1928 година од селото Горњане, таму имале истоимени роднини.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Месна заедница во селото
  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Ѓорче Петров, која е една од десетте општини на Град Скопје и која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од тогашната Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Идадија.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Ѓорче Петров.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Вучидол (Волчи Дол), во која покрај селото Орман, се наоѓале и селата Вучидол, Грачани, Кучково и Никиштани. Во периодот 1950-1952, селото исто така било дел од некогашната општина Волчи Дол.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 2585 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница во Орман.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 246 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки локалитети
  • Барица — населба од неолитското време;[16]
  • Коњушница — населба од железно и раноаноантичко време, некропола со мавзолеј од доцноантичко време и старохристијанска базилика;[16]
  • Св. 40 Маченици — некропола од доцноантичко време;[16]
  • Брес — населба од среден век;[3] и
  • Манастириште — црква од среден век.[3]
Цркви
Манастири

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Изумрел родот Цветановци, биле доселени од селото Бардовци. Ормановци (9 к.) и Златановци (4 к.) се иселиле во селото Бардовци.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 22 јануари 2020. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 223. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 22 јануари 2019 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 3,9 Trifunoski, Jovan F.; Трифуноски, Јован Ф. (1955). Seoska naselja Skopskog Polja : antropogeografska ispitivanja. Beograd: Srpska akademija nauka i umetnosti. OCLC 54211593. https://www.worldcat.org/title/seoska-naselja-skopskog-polja-antropogeografska-ispitivanja/oclc/54211593. 
  4. „Луксузна населба во скопското село Орман“. МКД.мк (Macedonian). конс. 2020-01-22. 
  5. Вардарски“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 243. (2009). Скопје: МАНУ.
  6. Во книгата е наведено дека се наоѓаат во дворот на куќата на семејството Петковски.
  7. Термин користен во самата книга.
  8. „Војната донесе пруга, а железничарите населба“, Публика - неделен политички прилог, број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 2-3.
  9. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 207
  10. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  14. „Описи на ИМ“. конс. 22 јануари 2020. 
  15. „Претседателски избори 2019“. конс. 22 јануари 2020. 
  16. 16,0 16,1 16,2 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  17. Обичаи на денот на змиите во село Орман, Скопско
  18. Најава: Мото крос трки

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]