Коњушница (Орман)
Изглед
„Коњушница“ | |
| Местоположба | 42°4′2″N 21°21′49″E / 42.06722°N 21.36361°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Орман |
| Општина | Ѓорче Петров |
| Тип | |
| Период | железно време |
| раноантичко време | |
| доцноантичко време | |
| старохристијанско време | |
| Портал „Археологија“ | |
Коњушница — археолошко наоѓалиште во атарот на скопското село Орман, Македонија.[1]
Претставува населба од железното и раноантичкото време, некропола со мавзолеј од доцноантичкото време и старохристијанска базилика.[1]
На 1 километар западно од селото и околу 10 километар северозападно од Скопје е откриена еднокорабна базилика со зачувани темелни партии до 1 метар височина. На просторот на базиликата и околу неа се откриени траги од населба од железното време. Наодите од раноантичкото време се: столб со натпис посветен на Јупитер и Јунона, како и делови од надгробни споменици. Ископувања се изведени во 1940 година (Р. Грујиќ) и во 1957 и 1983 година (Б. Алексова). Наодите се чуваат во Музеј на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Барица — населба од неолитското време;
- Брес — населба од средниот век;
- Манастириште — црква од средниот век;
- Св. 40 Маченици — некропола од доцноантичко време;
- Орман; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Скопско.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 379. ISBN 9989-649-28-6.
| |||||||||||||
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од железно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од раноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од старохристијанско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на базилика
- Орман (Скопско)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Ѓорче Петров
- Археолошки наоѓалишта во Скопско
- Археолошки наоѓалишта во Скопје
