Грачани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Грачани
Gračani.jpg

Сокак во Грачани

Грачани is located in Македонија
Грачани
Местоположба на Грачани во Македонија
Координати 42°05′18″N 21°17′37″E / 42.08833° N; 21.29361° E / 42.08833; 21.29361Координати: 42°05′18″N 21°17′37″E / 42.08833° N; 21.29361° E / 42.08833; 21.29361
Регион Logo of Skopje Region.svg Скопски
Општина Coat of arms of Ǵorče Petrov Municipality.svg Ѓорче Петров
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1060
Повик. бр. 20
Шифра на КО 25060
Надм. вис. 580 м
Грачани на општинската карта
Грачани во Општина Ѓорче Петров.svg

Атарот на Грачани во рамките на општината
Commons-logo.svg Грачани на Ризницата
Џамијата во Грачани.

Грачани — село во Општина Ѓорче Петров, во околината на градот Скопје. Денес нема жители.[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина, помеѓу долините на реките Вардар и Лепенец. Атарот на север се граничи со Општина Качаник во Косово.[2] Ова е ридско село, на надморска височина од 580 м.

Историја[уреди | уреди извор]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Грачане (Gračane) како албанско село.[3]

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го означил Грачане како албанско село.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција. Атарот зафаќа површина од 9,2 км2. Според податоци од 1990-тите, највеќе простор зафаќат шумите (441 ха), потоа пасиштата (269 ха), а на обработливо земјиште отпаѓаат 174,1 ха.[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Селото доживеало пораст на населението во повоениот период. Забележан е релативно благ пад на бројноста во текот на 1970-тите, со 358 жители во 1981 г. На пописот од 1991 г. во Грачани не е заведен ниеден жител, што се должи на фактот што тоа било меѓу селата кои целосно го бојкотирале пописот.[5] Ова не ја изменило стварноста дека селото речиси се испразнило, бидејќи на пописот три години подоцна е забележан само 21 жител, а во текот на следните години било сосема е напуштено. Според пописот од 2002 година, Грачани немало ниеден жител.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 383 392 414 442 358 0 21 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 86. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  4. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
  5. Фусноти кон пописите на населението во Македонија — Државен завод за статистика, база МАКСтат
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]