Никиштане
Никиштане | |
![]() Панорамски поглед на селото Никиштане | |
Координати 42°4′1″N 21°20′6″E / 42.06694° СГШ; 21.33500° ИГДКоординати: 42°4′1″N 21°20′6″E / 42.06694° СГШ; 21.33500° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Скопско Поле |
Население | 1.114[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1060 |
Повик. бр. | 02 |
Надм. вис. | 680 м |
![]() |
Никиштане — село во Општина Ѓорче Петров, во околината на градот Скопје.
Содржина
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во северозападниот дел од Скопската Котлина, од десната страна на реката Лепенец, а на територија на Општина Ѓорче Петров.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 680 метри.[2] Селото се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Скопје.
Атарот зафаќа површина од 12,3 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 583 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 274 хектари, а на шумите 215 хектари.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 42 христијански семејства и 3 вдовици христијани.[3]
Во XIX век, Никиштане било село во Скопската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има мешовита полјоделско-сточарска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Никиштане имало 125 жители, од кои 75 Македонци христијани и 50 Турци.[4]
Никиштане во 1961 година броело 618 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 1.010 жители, исклучиво албанско население.[2]
Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Богдево, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]
Според пописот од 2002 година, во селото Никиштане имало 1.114 жители, од кои 1.113 Албанци и 1 останат.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 125 | — | 606 | 652 | 618 | 704 | 793 | 0 | 1.010 | 1.114 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Јоаким Крчовски“ до V одделение[8], подрачно училиште на ОУ „Јоаким Крчовски“ - Волково.
- Месна заедница
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Ѓорче Петров, една од десетте градски општини на Град Скопје, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Идадија. Селото припаѓало на некогашната општина Ѓорче Петров во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Волково, во која покрај селото Кучково, се наоѓале и селата Волково, Грачани, Никиштани и Орман. Општината Волково постоела и во периодот 1950-1952 година.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во склоп на изборното место бр. 2584 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Никиштане.[9]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 916 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Џамии[11]
- Џамија — селска џамија
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 4 февруари 2018.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 208. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 4 февруари 2018 г.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.486
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 208.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „ООУ Јоаким Крчовски“. конс. 4 февруари 2018.
- ↑ „Описи на ИМ“. конс. 4 февруари 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. конс. 4 февруари 2018.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- Забелешки
- ↑ Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.