Сарај (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Оваа статија се однесува на скопското село Сарај. За селото Сарај во Општина Босилово, видете Сарај (Струмичко).

Сарај
Сарај во рамките на Македонија
Сарај
Местоположба на Сарај во Македонија
Сарај на интерактивна карта

Координати 42°0′0″N 21°19′40″E / 42.00000° СГШ; 21.32778° ИГД / 42.00000; 21.32778Координати: 42°0′0″N 21°19′40″E / 42.00000° СГШ; 21.32778° ИГД / 42.00000; 21.32778
Општина Coat of arms of Saraj Municipality.svg Сарај
Население 6.265 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1066
Шифра на КО 25916
Надм. вис. 268 м
Сарај на општинската карта
Сарај во Општина Сарај.svg

Атарот на Сарај во рамките на општината
Commons-logo.svg Сарај на Ризницата

Сарајсело и административно седиште на истоимената општина, во северниот дел на Македонија. Поради близината до градот Скопје, се смета и за негово предградие.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Скопското Поле, помеѓу реките Вардар на север и Треска на југ и исток и може да се каже дека е припоено со Скопје, така што припаѓа на рурбалната зона на градот.

Историја[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Сарај било село како дел од Скопската каза на Отоманското Царство.

Како село со нејасно население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[2]

Според податоците на Афанасиј Селишчев во 1929 година селото било македонско, христијанско.[3]

За селото Сарај, Јордан Хаџи Константинов - Џинот забележал дека било „престоло на некого Усеин Шаха“ и дека и во тоа време биле видливи остатоците од историското минато.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Батинци живееле 80 жители, од кои 50 Македонци и 30 Роми.[5]

Во 1961 година биле забележани 1.015 жители, а на последниот попис од 2002 година, селото има 5.232 жители, од кои 4.294 Албанци, 578 Македонци, 213 Роми, 12 Срби, 15 Турци, 78 Бошњаци и 42 останати. Следува табела на националната структура на населението[6]

Националност Вкупно
Македонци 578
Албанци 4.294
Турци 15
Роми 213
Власи 0
Срби 12
Бошњаци 78
останати 42

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Сарај има 6.265 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 307
Албанци 5.379
Турци 11
Роми 167
Власи 0
Срби 4
Бошњаци 73
Други 324

На табелата е прикажан националниот состав на населението во неколку години:[7]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1953 347 34 102 62 14 ... 6 565
1961 460 294 177 ... ... 21 ... 63 1.015
2002 578 4.294 15 213 12 78 42 5.232

Родови[уреди | уреди извор]

Сарај е мешано село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

Македонски

  • Андоновци (2 к.) доселени се од блиското село Шишево.
  • Велковци (3 к.) доселени се, но не знаат точно од каде.
  • Филиповци (1 к.), Тортевци (1 к.) и Пачовци (1 к.) доселени се од мијачкото село Галичник.
  • Богдановци (1 к.) и Атанасковци (1 к.) доселени се од селото Мралино.
  • Димовци (1 к.) доселени се од селото Бардовци.
  • Бојковиќи (1 к.) доселени се од селото Чучер-Сандево.
  • Радичеви (1 к.) доселени се од селото Рамне во Порече.
  • Стојковци (1 к.) доселени се од Скопје. Во нивниот род имало и некој Словенец, домазет.
  • Несторови (1 к.) доселени се од селото Беличица во Горна Река.
  • Чмовш (1 к.) доселени се од Русија.

Албански

  • Врескало (5 к.) доселени се во 1918 година од селото Грчец. Таму биле староседелци.
  • Арцика (1 к.) доселени се од селото Грчец. Таму биле доселени од Албанија, или пак Горна Река.
  • Укалар (2 к.) доселени се од селото Грчец. Таму имале истоимени роднини.
  • Арун (1 к.) доселени се од селото Нерези. А таму биле доселени од Албанија.

Турски

  • Муртезан (4 к.) доселени биле од Скопје. Овде се населиле на имотите на иселените македонски родови.

Ромски

  • Шаиновци (2 к.), Синановци (2 к.), Незир (1 к.), Кадрија (1 к.), Рамадан (1 к.), Ќерим (1 к.), Маљо (1 к.) и Весел (1 к.) они до 1940-тите не биле постојани жители на селото Сарај. Нивното потекло е непознато.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Злата Мегленска“ во Сарај

Цркви[уреди | уреди извор]

Џамии[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Личности родени во Сарај:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  3. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  4. „Војната донесе пруга, а железничарите населба“, Публика - неделен политички прилог, број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 2-3.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  8. Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]