Милош Павчев
| Милош Павчев | ||
| Роден | 1921 година Бањане, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 19 јули, 1944 година Глог, Царство Бугарија ранет, заробен, па убиен со бајонет од страна на бугарската војска | |
| Народност | Македонец | |
Милош Димчев Павчев ( 1921 Бањане ― 19 јули 1944 во Глог) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис
[уреди | уреди извор]Израснат бил во сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Кога бил повикан во бугарската фашистичка војска на отслужување на воениот рок настојувал да избега, но не можел да добие врска со партизаните. Во почетокот на 1944 година избегал од војската и заминал во Врањскиот партизански одред. Подоцна преминал во Третата македоноска ударна бригада, со која учествувал во повеќе борби. На 19 јули 1944 година во борбите против бугарските окупаторски единици кај Глог, во близина на Врање, бил ранет во двете нозе и заробен, а потоа од еден бугарски војник, бил убиен со бајонет. Бил закопан на местото каде што бил убиен.[1]