Прејди на содржината

Живко Поповски (партизан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Живко Поповски
Роден 1926 година
Бањани, Скопје, Македонија
Починал 12 април, 1945 година
Илинци, Срем, Србија
Почивалиште Гробиштата во Бањани
Националност Македонец

Живко Јорданов Поповски ( 1926 Бањане, Скопско12 април 1945 во Илинци, Срем, Србија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Живко Поповски

Животопис

[уреди | уреди извор]

Израснат е во слабо имотно селско семејство. Во есента 1944 година кога на Скопска Црна Гора била основана Шеснаесеттата македонска ударна бригада, населението и укажувало сестрана помош и масовно и се приклучувало. Тогаш и Живко пристапил во нејзините редови и во состав на истата учествувал во борбите против Германците и балистите. По ослободувањето на Скопје зел учество и во ликвидирањето на балистичките банди на Косово. Учествувал во пробивот на Сремскиот фронт и во јуришот кај Илинци, бил застрелал и загинал на 12 април 1945 година. Посмртните останки му биле пренесени и закопани во родното село Бањани.[1]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 117–118. На |first= му недостасува |last= (help)