Бутел (населби)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За други значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.

Бутел е заедничко име за две населби во северно Скопје. Двете населби се Бутел I и Бутел II.

Земјотресот во Скопје од 1963 година: Панорамски приказ на новоизградените монтажни објекти во населба Бутел, 1964

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Бутел било мало село во Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Бутелъ живееле 84 Македонци христијани.[1][2]

На почетокот на XX век целото христијанско население потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев во 1905 г. Бутел имал 128 жители, сите Македонци[1].[3]

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележлил Бутел като македонско село.[1][4]

Населението нагло пораснало по земјотресот од 1963 г., кога е подигната урбана населба за сместување на обездомените.

Според пописот од 2002 г. Бутел има 14.005 жители,[5] и тоа во следниов етнички состав:

Националност Вкупно
Македонци 7.616
Албанци 4.846
Турци 450
Роми 104
Власи 27
Срби 377
Бошњаци 406
други 179

Население низ историјата[уреди | уреди извор]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 84 128 243 278 492 6.809
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Верски објекти[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.206
  3. Brancoff, D.M. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, р.114 – 115.
  4. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
  5. Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  9. Започна изградбата на црква за Бутелчани“, Дневник, 5 ноември (посет. 5 ноември 2012 г). (на македонски)