Бродец (Скопско)
![]() |
Извадок од приказна раскажана од човек од Бродец на месниот скопскоцрногорски дијалект |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Бродец е село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, во селото живееле 3 жители.
Содржина
Географијa и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Бродец се наоѓа на Скопска Црна Гора северно од Скопје одалечено од градот Скопје околу 15 км.
Историјa[уреди | уреди извор]
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало 200 жители христијани (Македонци).[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото имало 3 жители Македонци.
Родови[уреди | уреди извор]
Родови во селото се: Влашчани (2 к.) потекнуваат од предок Влав, он најпрво престојувал на планината Спопска Црна Гора, овој род се дели на Гижаровци, Зајчовци и Бостанџиовци; Лабурини (5 к.) и Саламандуровци (4 к.) потекнуваат од двајца браќа доселени од некое село кај Биначка Морава, во родот Саламандуровци се знае следната генеологија Драган (жив на 81 год. во 1969 година) Ацо-Петар-Стефко-Златан, подалечните предци не ги памтат; Спасовци (4 к.) потекнуваат од предокот Спасо кој бил православен Ром, се доселил од селото Ѓерекара во областа Биначка Морава, ја знаат следната генеологија Лазо (жив на 59 год. во 1969 година) Бојко-Цветко-Стефко-Стефан, подалечните предци не ги знаат.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900
- ↑ Трифуноски, Јован (1971). Скопска Црна Гора. Скопје: Универзитет Кирил и Методиј.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Бродец на Google Maps.
![]() |
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|