Шуто Оризари
Шуто Оризари | |
Улица во Шуто Оризари | |
Координати 42°02′16.84″N 21°25′28.42″E / 42.0380111° N; 21.4245611° EКоординати: 42°02′16.84″N 21°25′28.42″E / 42.0380111° N; 21.4245611° E | |
Регион | Скопски |
Општина | Шуто Оризари |
Население | 15.353 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 303 м |
![]() |

Шуто Оризари или Шутка — населба во северниот дел на Скопје и седиште на истоимената општина. Населена е главно со Роми.
Историја[уреди | уреди извор]
Кон крајот на XIX век Шуто Оризари било мало македонско село во Скопската каза на Отоманското Царство.
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. населението на Шуто Оризари се состоело од 84 Македонци христијани.[1][2]
На етничката карта од 1927 . Леонард Шулце Јена го укажува Оризаре (Orizare) како село со нејасен ентички состав.[3]
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Оризари како македонско село.[1][4]
Шуто Оризари почнало да расте и коренито да го менува етничкиот состав по Скопскиот земјотрес од 1963 година. Со обновата на градот во местото се населиле претежно Роми. На грбот на населбата стои чакрата (тркалото) од ромското знаме.
Според последниот попис од 2002 година, Шуто Оризари има 15.353 жители.[5]
Народ | Вкупно |
Македонци | 481 |
Албанци | 1205 |
Турци | 49 |
Роми | 13.201 |
Власи | 0 |
Срби | 34 |
Бошњаци | 138 |
останати | 245 |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 208. ISBN 954430424X.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
- ↑ Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови
![]() |
Оваа поврзана со Скопје статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|