Лисиче (населба во Скопје)
Лисиче — населба во Општина Аеродром, во источниот крај на градот Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Лисиче е урбанизирана населба во источниот дел на градот Скопје, на 4 км оддалеченост од центарот на Скопје. Се наоѓа на десниот (јужниот) брег на реката Вардар. На исток Лисиче се граничи со населбата Горно Лисиче, на север со Реонски Центар, на северозапад со населбата Аеродром и на запад со населбата 11 Октомври.
Историја[уреди | уреди извор]
Лисиче почнало да се гради како бараки после земјотресот во Скопје во 1963 година. Населбата била наменета за скопјани, кои им биле урнати домовите. Потоа скопјани се вратиле во новоизградените станови во Скопје. По отселувањето на скопјани, луѓето од внатрешноста започнуваат да се доселуваат.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
На територијата на населбата Лисиче се наоѓа ОУ „Димитар Македонски“. Училиштето било основано во 1964 годинa[1] и го носело името ОУ „Сава Ковачевиќ“. Истото било изградено по земјотресот како училиште од монтажен тип, и било донација од Република Франција. Во 2020 започнала неговата реконструкција.[2]
Во населбата има детска градинка „Буба Мара“ која работи во два клона - клон “Пчелка 1“ кој се наоѓа на улицата „Грамос“, блиску до трговскиот центар и вториот клон “Пчелка 2“ кој е понов објект и се наоѓа на улицата „Аврора“, на влезот во населбата. Во градинката престојуваат 275 деца. Во текот на 2012 година се извршила реконструкција на покривот, прозорците и на санитарните јазли[3].
Во центарот на населбата, се наоѓа зградата на Секторот за прекршоци - Полициската станица „Лисиче“. Овој објект во минатото бил полициски интернат.
Во населбата работи и библиотеката „Рајко Жинзифов“ како подружница на Градска библиотека “Браќа Миладиновци“ - Скопје.[4]
Цркви[уреди | уреди извор]
Администрација и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Петре М. Андреевски - писател
- Сашка Петковска - пејачка на македонски шлагери
- Славе Димитров - композитор
- Никола Поповски - политичар, поранешен министер за финансии
- Стојна Вангеловска - глумица
- Димитар Чемков - музичар, член на групата Бис-Без
- Томислав Кежаровски - новинар
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
- ↑ „Димитар Македонски“. www.aerodrom.gov.mk. Посетено на 2021-03-07.
- ↑ Македонија, 11/06/2020 | (2020-06-11). „Се гради училиштето „Димитар Македонски" во населба Лисиче“. ПУБЛИКУМ. Посетено на 2021-03-07.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ „Буба Мара - клон „Пчелка 2"“. www.aerodrom.gov.mk. Посетено на 2021-03-07.
- ↑ „ЈУ Градска библиотека "Браќа Миладиновци" - Скопје“. www.gbsk.mk. Посетено на 2021-03-07.