Булачани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Булачани
Bulachani-MK.jpg

Поглед кон село Булачани

Булачани се наоѓа во Republic of Macedonia
Булачани
Местоположба на Булачани во Македонија
Координати 42°04′14″ СГШ 21°30′10″ ИГД / 
Општина Општина Гази Баба
Население 1104 жит.
(поп. 2002)
Слава Свети Никола
Commons-logo.svg Булачани на Ризницата
Поглед на Сарај Маало во Булачани

Булачани е село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Булачани се наоѓа на североисток од Скопје на падините на Скопска Црна Гора на надморска височина од одколу 500 m. Има многу убава местоположба од каде има прекрасен поглед на целата Скопска Котлина. Селото е од разбиен тип и е поделено во 7 маала: Река, Шетаровци, Бузаревци, Урдарци, Сарај, Средно и Долно Маало.[1]. Првите четири маала лежат не левата страна на долинската падина на Булачанската речица, а останатите 3 на десната страна и носат заедничко име Рид Маало.

Историja[уреди | уреди извор]

Булачани е многу стара населба. Според податок достапен на Интернет се споменува во 1425 година со изградбата на Мустаф Пашината џамија.

Археолошкиот локалитет Кула, утврдување / рефугиум од доцноантичкото време. На 2,5 km северно од селото и исто толку од селото Раштак, на еден висок планински гребен, на простор од 100 x 30 m се гледаат ѕидови од камен и варов малтер. По површината има фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал. Мавро Орбин пишува дека Марко бил погребан кај селото Блачани (Блациани) во близината на Скопје. Бидејќи село со ова име не постои, останува нејасно дали се работи за селото Булачани или за селото Блаце,

Инаку самото село од мештаните е поделено на маала и каква таква таа поделба е задржана и до ден денес.На левата страна од Булачанска река која го дели селото на два дела се наоѓаат маалата Чурковци,Гировци,Шетаровци и Урдарци додека на десната страна се маалаат Долно,Средно и Сарај Маало. Според преданието с. Булачани го добило името од некоја Була која била една од првите сопственички на атарот.[2]Една од овие сестри е најверојатно таа була (жена на турски) керка на Мустафа паша по која селото и го добило името.

Економија[уреди | уреди извор]

Во Булачани населението претежно е вработено во градот, а добар дел се занимава со земјоделие и сточарство. Постои само еден мал индустриски капацитет, а тоа е Буларт дизајн сопственост на Иван Ицковски кој се занимава со изградба на монтажни куќи и кој постои веке 10-тина години, вработува околу 20 луѓе претежно од селото .

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.104 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 1 098
Срби 6

Кон крајот на 19. век, Булачани е село во Скопската каза,. Според статистиката на Васил Кнчов во 1900. година живееле 530 жители.[4]

Во 1905. година во Булачани имало 600 егзархисти и 192 патријашисти, во кое функционирало бугарско и српско училиште.[5]

На почетокот од Балканските војни 1912 година, три жители од Булачани се борат како војници во Македонско-одринското ополчение.[6]

После Меѓусојузничката војна, 1913. година селото влегува во границите на Србија.

На етничката карта од 1927. година Леонард Шулце Јена го означува Булачани како српско село.[7]

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929. година Афанасиј Селишчев го означува Булачани како бугарско село.[8]

Според податоците од пописите на населението спроведени од 1948 до 2002 година од страна на Државниот завод за статистика[9], селото ја има следнава структура на населението.

Припаѓа на општина Година на попис Вкупно население Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Други
1948 1004 .. .. .. .. .. .. .. ..
Синѓелиќ 1953 1074 1032 0 0 7 0 32 .. 3
Бутел 1961 966 948 0 1 .. .. 16 .. 1
Скопје 1971 943 913 0 0 6 .. 23 .. 1
Гази Баба 1981 1033 1013 0 0 0 0 20 0 0
Гази Баба 1991 1063 1021 0 0 0 0 18 .. 24
Гази Баба 1994 1080 1057 0 0 0 0 20 .. 3
Гази Баба 2002 1104 1098 0 0 0 0 6 0 0
Попис од 1948 Попис од 1953 Попис од 1961 Попис од 1971 Попис од 1981 Попис од 1991 Попис од 1994 Попис од 2002
вкупно м ж вкупно м ж вкупно м ж вкупно м ж вкупно м ж вкупно м ж вкупно м ж вкупно м ж
Возраст/Вкупно 1004 490 514 1074 545 529 966 490 476 943 470 473 1033 522 511 1063 553 510 1080 568 512 1104 582 522
0-4 г. .. .. .. .. .. .. 104 .. .. 102 45 57 96 52 44 93 49 44 87 41 46 62 27 35
5-9 г. .. .. .. .. .. .. 111 .. .. 88 49 39 108 49 59 86 52 34 90 55 35 73 36 37
10-14 г. .. .. .. .. .. .. 113 .. .. 86 48 38 103 46 57 87 46 41 88 54 34 96 52 44
15-19 г. .. .. .. .. .. .. 110 .. .. 94 49 45 76 43 33 101 48 53 97 41 56 85 54 31
20-24 г. .. .. .. .. .. .. 110 .. .. 94 40 54 83 48 35 86 45 41 84 52 32 81 46 35
25-29 г. .. .. .. .. .. .. 62 .. .. 84 46 38 89 46 43 66 41 25 80 40 40 91 50 41
30-34 г. .. .. .. .. .. .. 57 .. .. 56 28 28 86 44 42 78 45 33 66 40 26 85 44 41
35-39 г. .. .. .. .. .. .. 21 .. .. 59 33 26 78 43 35 79 40 39 78 46 32 62 36 26
40-44 г. .. .. .. .. .. .. 32 .. .. 40 16 24 50 24 26 77 37 40 76 36 40 73 40 33
45-49 г. .. .. .. .. .. .. 51 .. .. 22 7 15 49 26 23 74 41 33 72 39 33 84 47 37
50-54 г. .. .. .. .. .. .. 53 .. .. 34 13 21 44 18 26 49 23 26 66 34 32 72 37 35
55-59 г. .. .. .. .. .. .. 31 .. .. 51 31 20 19 6 13 51 29 22 49 25 24 68 39 29
60-64 г. .. .. .. .. .. .. 30 .. .. 44 20 24 28 15 13 41 15 26 43 19 24 53 25 28
65-69 г. .. .. .. .. .. .. 79 .. .. 32 17 15 44 23 21 25 10 15 36 15 21 39 20 19
70-74 г. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 17 8 9 39 19 20 19 9 10 26 12 14 34 13 21
75-79 г. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 35 18 17 39 19 20 45 21 24 17 7 10 23 7 16
80-84 г. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 19 11 8 9 4 5
85+ г. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 6 1 5 14 5 9
Непозната возраст .. .. .. .. .. .. 2 .. .. 5 2 3 2 1 1 6 2 4 .. .. .. .. .. ..

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Во селото постои Основно училиште Св.Наум Охридски кое го посетуваат околу 500 ученици. Самата зграда на училиштето е доста стара и е градено уште во времето на Кралството Југославија со подоцнежни доградувања и реновирања. За време на Втората светска војна во борбите за ослободување на Скопје тука бил сместен Штабот на 16 македонска бригада во која активно земале учество многу жители на селото. Исто така постои здравствена станица (амбуланта) сега веке приватна со доктор Даскалов во која здравствени услуги добиваат жителите на селата Булачани и Раштак.

Во повоениот период во селото работела и Месна канцеларија со матична служба,а во текот на 60 години од минатиот век е формирана и Земјоделската задруга Партизан која успешно работела во селото некаде до крајот на 70-те години.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Црква „Св. Јован Крстител“ - Булачани[10]Се наоѓа на јужниот дел од селото и потекнува од средината на 18 век. Таа е подигната на темелите на уште постара црква. Податоците за ова свето место се откриени од натписи кои датираат од времето на Римската империја.

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 год. стр.12
  2. http://www.culture.org.mk/eMUSTPASDZ.HTM Who was Mustapha pasha? About his life and times, we learn from several sources, such as the inscription at the entrance to the mosque, vakafname on its bequest that is dated in 1514, the inscription on its tomb (turbe) and two other documents, but they all provide only meager answers. We find out that he had been a son of Abdulah (Abdulkerim), that he performed high state functions in the Osman (Ottoman) state, that he possessed a vast property in Rumelia and four villages in the vicinity of Skopje: Bulacani, Batinci, Rastak and Cresevo; he has had two wives, both named Hurshid and four daughters - Hani, Umi, Shah Zeman and Huma.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.206
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 116-117.
  6. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.832.
  7. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  8. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  9. Државен завод за статистика, makstat.stat.gov.mk
  10. „Верски објекти“ (на македонски). Општина Гази Баба. http://www.gazibaba.gov.mk/znamenitosti/verski-objekti. посет. 28 ноември 2010 г. 
  11. „Манастир СВ. НИКОЛА - с.Булачани, Македонија“ (на македонски). Сунчица Станковска. http://www.sunart.com.mk/manastir.sv.Nikola.Bulacani/index.htm. посет. 28 ноември 2010 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]