Бошко Шаговиќ
Бошко Шаговиќ | ||
![]() | ||
Роден | 1909 година Бањани, Скопје, Македонија под Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | декември, 1944 Скопје, Македонија |
Бошко Тошов Шаговиќ ( 1909 во Бањане, Скопско — 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Потекнувал од земјоделско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Во Шеснаесеттата македонска ударна бригада стапил од денот на нејзиното формирање. Учествувал во сите борби на бригадата против балистите и Германците, на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје, бил распореден во единиците на КНОЈ во Скопје, што ги расчистувале минираните објекти во градот. При деминирање на една заостаната мина во зградата на Народната банка бил тешко ранет и пренесен во болница, а подоцна пуштен на домашно лекување. Кон крајот на 1944 година, починал од последиците на раните.[1]