Прејди на содржината

Страчинци

Координати: 42°2′45″N 21°31′55″E / 42.04583° СГШ; 21.53194° ИГД / 42.04583; 21.53194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Страчинци

Поглед на селото Страчинци

Страчинци во рамките на Македонија
Страчинци
Местоположба на Страчинци во Македонија
Страчинци на карта

Карта

Координати 42°2′45″N 21°31′55″E / 42.04583° СГШ; 21.53194° ИГД / 42.04583; 21.53194
Општина Гази Баба
Население 1.136 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25124
Надм. вис. 400 м
Страчинци на општинската карта

Атарот на Страчинци во рамките на општината
Страчинци на Ризницата

Страчинци — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Страчинци се наоѓа во североисточниот дел на Скопската Котлина расположено на југоисточната падина на Скопска Црна Гора[2]. Страчинци е ридско село сместено на надморска височина од 400 метри[2]. Поточно, селото е сместено во засек на падините од двете страни на стрмен дол. Во средината на селото (засекот на долот), а во подножјето на варовничкото возвишение Дрезга избива силен карстен извор соѕидан во шест чешми, со што Страчинци спаѓа во едно од најдобро снабдените села со вода[3]. Атарот зафаќа површина од 6,7 км2, од кои пасиштата заземаат 311 ха, додека обработливото земјиште зафаќа 253 ха[2]. За името на селото понекогаш се слуша и називот Трачинци, а самото село е од збиен тип и се дели на маала кои носат име според својата местоположба (Горно и Долно маало) и по родовите кои живеат (Етемовско, Здравковско)[3].

Историја

[уреди | уреди извор]

Природните и стопанските услови за живот во Страчинци се доста поволни, при што на тоа место отсекогаш морало да постои населено место кое од самото име како и имињата на пределите најпрвин било населено со македонско православно население[3].

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со муслиманско и христијанско население, со 8 муслимански и 7 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 40 мажи муслимани, со 2 новороденчиња и 32 мажи христијани со 2 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 152 жители.[4][5]

Старото македонско население на Страинци се иселило околу 1830 и 1840 година, кога селскиот атар го заземале муслимани доселени од северна Албанија кои ги користеле пасиштата и шумите на падините на Скопска Црна Гора и Турци-чифликсајбии од Скопје кои ги користеле нивите во нискиот дел[3]. За потребите на чифлигот околу средината на XIX век во Страчинци биле населени две македонски домаќинства по потекло од Овче Поле[3].

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 158 жители.[6]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Страчинци живееле 90 жители, од кои 50 Македонски христијани и 40 Арнаути[7] муслимани.

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 205 жители. Било дел од Општина Брњарци.

Во периодот на крајот на турското владеење во селото постоеле два чифлига и имало 17 домаќинства (2 македонски и 15 албански). По заминувањето на турската власт сопствениците на чифлизите земјата ја распродале на Македонците и Албанците кои живееле во селото. Поради фактот што селото е опкружено со македонски села (Брњарци на југоисток, Виниче на северозапад и Стајковци на југозапад) чести се тензиите помеѓу жителите од различна етничка припадност, а не ретки се инцидентите. Меѓусебната недоверба има долга историска традиција, поради тоа што уште во време на турското владеење Македонците на муслиманските Албанци гледале како на повластен елемент со изразено непријателско расположение едни наспроти други кое не било избришано помеѓу постарите генерации ниту во средината на (педесеттите) XX век[8].

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци и 250 Албанци.[9]

Името на селото е од македонско потекло, и најверојатно доаѓа според името на птицата - страчка.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото Страчинци има полјоделско-сточарска функција[10]. До 1912 година додека обработливото земјиште припаѓало на чифликсајбиите и ја обработувале Македонците, жителите на Страчинци главно Албанци се занимавале со сточарство односно со одгледување овци, кози и говеда. Во тоа време селаните ја користел и дабовата шума на падините на Скопска Црна Гора која поради сечата сосема ја уништиле[8]. По заминувањето на турската власта земјоделството добило поголемо значење за сметка на сточарството, а особено нагло се раширило одгледувањето на тутун[8]. Во Страчинци се произведува доста квалитетен тутун, а многу домаќинства годишно произведувале по околу 500 кг (за што добивале по околу 500,000 југословенски динари) поради што се сметало дека селото највеќе живеело од тутун. Поради пошумувањето на планината над селото во југословенско време сточарството и шумарството забележале приличен пад[11]. Одење на работа надворе од селото не постоела, но во денешно време тоа е прилично изменето. Земјоделството и начинот на обработката на земјиштето се прилично послаби и полоши споредено со соседните македонски села Стајковци, Брњарци и Црешево. Значаен дел од населението се занимава со сточарство, работа во Скопје како што се трговија и препродавање, занаетчиство, а еден дел луѓе се на привремена работа во странство претежно во западна Европа во Швајцарија, Австрија и Германија.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948466—    
1953500+7.3%
1961541+8.2%
1971526−2.8%
1981650+23.6%
ГодинаНас.±%
1991332−48.9%
19941.038+212.7%
20021.185+14.2%
20211.136−4.1%

Селото бележи постојан пораст на бројот на жители, но занимливи се промените во бројноста на припадниците на етничките групи. Во 1961 година селото имало 541 жител од кои: 69 Македонци, 94 Албанци и 377 Турци, додека во 1994 бројот се зголемил на 1038 жители од кои: 317 Македонци, 709 Албанци и 8 Турци[10].

На пописот од 2002 година, селото имало 1.185 жители, од кои 396 Македонци, 787 Албанци, 1 Турчин и 1 останат.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.136 жители, од кои 341 Македонец, 775 Албанци, 1 Турчин, 1 останат и 18 лица без податоци.[13]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 32 466 500 541 526 650 332 1.038 1.185 1.136
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]

Според истражувањата од 1963 година, родови во селото:

Албански

  • Доселеници: Џаџалар (27 к.) нивните куќи им се наоѓаат во Горно маало. Го знаат следното родословие: Амет (жив на 53 г. во 1963 година) Осман-Рушит-Јонуз, основачот на родот кој се доселил од северна Албанија, припаѓаат на фисот Бериша; Еминолар или Кера (14 к.) куќите им се во Долно маало. Го знаат следното родословие: Шаип (жив на 55 г. во 1963 година) Бајрам-Мемиш-Емин, кој се доселил од северна Албанија; Етемолар (16 к.) куќите им се во Етемоско маало, и они потекнуваат од северна Албанија

Македонски

  • Доселеници: Здравковци (3 к.) потекнуваат од предокот Здравко кој се доселил од некое село во Овче Поле. Го знаат следното родословие: Тоде (жив на 60 г. во 1963 година) Анѓеле-Цветко-Здравко, основачот на родот; Баљовци (1 к.) и нивното потекло е од Овче Поле каде имале роднини.[8]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Во турско време од Македонците наполно се иселил родот Шаневци во соседното с. Виниче, а по Втората светска војна забележано е иселување и во Стајковци и Скопје (населбите Маџари и М.А. Ченто)[8]. Од Албанците забележани се иселувања во Скопје (населбите Сингилиќ, Чаир, Бутел), Турција[8], а во поново време и во западна Европа (Швајцарија, Австрија и Германија).

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.287
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр.19
  4. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  5. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  6. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  7. Албанците биле забележани под терминот Арнаути.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр.20
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. 10,0 10,1 Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.288
  11. Трифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г. стр.21
  12. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  13. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  14. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  15. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  16. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  17. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]