Виниче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Виниче
Виниче is located in Македонија
Виниче
Местоположба на Виниче во Македонија
Координати 42°3′2″N 21°30′34″E / 42.05056° СГШ; 21.50944° ИГД / 42.05056; 21.50944Координати: 42°3′2″N 21°30′34″E / 42.05056° СГШ; 21.50944° ИГД / 42.05056; 21.50944
Регион Скопски
Општина Општина Гази Баба
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 611 м


Виничесело во Скопско, во состав на Општина Гази Баба.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Црногорија, североисточно од Скопје, во подножјето на Скопска Црна Гора, на еден километар источно од с. Црешево.

Историја[уреди | уреди извор]

Стар век[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Виниче (археолошки локалитети).

Најраните наоди кои сведочат за населеноста на Виниче датираат од доцната антика и се претставени со два археолошки наоѓалишта: тврдината Градиште и гробницата кај месноста Огради.

XIX век[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото ѝ припаѓало на Скопската каза на Отоманската империја. Според статистиката на Васил Канчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Виниче живеат 65 Македонци-христијани.[1][2]

XX век[уреди | уреди извор]

По Втората балканска војна во 1913 г. селото потпаѓа под власта на Србија.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го укажува Винче (Vinče) како село со нејасен етнички состав.[3]

Родови[уреди | уреди извор]

Виниче било македонско село.

Според истражувањата од 1963 година, родови во Виниче се:

  • Доселеници: Трајковци (3 к.) доселени се од некое село во Овче Поле. Ја знаат следната генеологија Трајан (жив на 62 год. во 1963 година) Панче-Зафир-Трајко, основачот на родот кој се доселил; Младеновци или Бичкаџии (4 к.) основачот на родот е доселен како ѕидар од некое село во Порече; Шаневци (2 к.) доселени се од претежно албанското село Страчинци; Караџовци (2 к.), Анѓелевци (7 к.), Велковци (2 к.), Цветковци (4 к.) и Лунџовци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде.[4]

Култура[уреди | уреди извор]

Името на селото го носи ликовната манифестација „Виниче“ со културна програма околу црковниот комплекс „Св. Илија“.[5]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[6]
  • Градиштекастел од доцноантичко време. На североисточниот крај на некогашното село Виниче, Скопска Црна Гора, високо во планинскиот масив, на еден рид со зарамнет врв и со површина од 70 × 40 м се гледаат остатоци од одбранбен ѕид граден од кршен камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди.
  • Оградинекропола во с. Виниче од доцноантичкото време. При обработувањето на земјата, во нива е откриен доцноантички гроб. Гробот бил конструиран од необработени камени плочи, а во функција на капак била употребена една надгробна плоча со димензии од 135 × 100 × 20 см и со латински натпис. Во фронтонот има релјефна претстава на машка и женска биста. Споменикот се наоѓа на местото каде што е најден.
  • Калуѓеров Камен — црква и некропола од непознат период.


Цркви[7]

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Канчов, В. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 206
  3. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  4. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје. 
  5. Се одржа ликовната манифестација „Виниче 2014““, Општина Гази Баба, 27 мај 2014 (посет. 28 јуни 2014 г).
  6. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  7. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред. Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  8. Странците се луди по моите инструменти и музика

Надворешни врски[уреди | уреди извор]