Инџиково

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Инџиково
Инџиково is located in Македонија
Инџиково
Местоположба на Инџиково во Македонија
Координати 42°0′50″N 21°29′42″E / 42.01389° N; 21.49500° E / 42.01389; 21.49500Координати: 42°0′50″N 21°29′42″E / 42.01389° N; 21.49500° E / 42.01389; 21.49500
Општина Гази Баба
Население 3.343 жители жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 25067, 25567
Надм. вис. 227 м
Инџиково на општинската карта
Инџиково во Општина Гази Баба.svg

Атарот на Инџиково во рамките на општината
Геодетска карта на Инџиково.

Инџиково — населено место во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје, кое според неговата местоположба може да се смета и за предградие на самиот град.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова село се наоѓа во Скопското Поле, недалеку од самиот град Скопје, во североисточна насока, и од патот Скопје-Велес, па затоа припаѓа на руралната зона на градот. Се наоѓа во рамничарските предели на Скопска Котлина, или во близина на јужните граници на Скопска Црна Гора. Селото е рамничарско, на надморска височина од 227 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Инџиково било село во Скопската каза, на Отоманското Царство.

Во Инџиково населението претежно е вработено во градот, а добар дел се занимава со земјоделство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.343 жители, од кои 2.567 Македонци, 2 Турци, 62 Роми, 553 Албанци, 17 Власи, 62 Срби, 23 Бошњаци и 57 останати. Следува табела на националната структура на населението:[1]

Националност Вкупно
Македонци 2.567
Турци 2
Роми 62
Албанци 553
Власи 17
Срби 62
Бошњаци 23
останати 57

Податоците за населените места Инџиково, Маџари, дел од Населба Гоце Делчев, Синѓелиќ, Смилковци, Стајковци и Трубарево, согласно важечката тероторијална организација за време на Пописот од 1971 година се вклучени во податоците за населеното место Скопје-град, а согласно важечката територијална организација за време на пописите од 1981, 1991 и 1994 година, во податоците за делот од градот Скопје кој ѝ припаѓаше на општина Гази Баба.

Според податоците од пописите на населението спроведени од 1948 до 2002 година[2], ја имаме следнава структура на населението.

Попис од 1948 Попис од 1953 Попис од 1961 Попис од 1971 Попис од 1981 Попис од 1991 Попис од 1994 Попис од 2002
вкупно м ж вкупно м ж вкупно м ж вкупно м ж вкупно м ж вкупно м ж вкупно м ж вкупно м ж
Возраст/Вкупно 217 114 103 314 160 154 1067 545 522 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 3343 1708 1635
0-4 г. .. .. .. .. .. .. 169 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 245 122 123
5-9 г. .. .. .. .. .. .. 153 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 241 117 124
10-14 г. .. .. .. .. .. .. 122 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 224 129 95
15-19 г. .. .. .. .. .. .. 88 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 275 135 140
20-24 г. .. .. .. .. .. .. 85 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 299 146 153
25-29 г. .. .. .. .. .. .. 123 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 309 163 146
30-34 г. .. .. .. .. .. .. 78 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 227 120 107
35-39 г. .. .. .. .. .. .. 63 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 215 101 114
40-44 г. .. .. .. .. .. .. 48 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 242 120 122
45-49 г. .. .. .. .. .. .. 25 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 307 159 148
50-54 г. .. .. .. .. .. .. 34 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 281 148 133
55-59 г. .. .. .. .. .. .. 25 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 164 96 68
60-64 г. .. .. .. .. .. .. 11 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 115 61 54
65-69 г. .. .. .. .. .. .. 39 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 89 48 41
70-74 г. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 52 21 31
75-79 г. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 35 16 19
80-84 г. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 15 3 12
85+ г. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. 8 3 5
Непозната возраст .. .. .. .. .. .. 4 .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. .. ..

Родови[уреди | уреди извор]

Според исражувањата од 1953 година, родови во Инџиково се

Македонски

Доселеници: Дуковци (3 к.) по потекло се од околината на Бабуна во Велешко. Во Скопско најпрво се населиле во Бутел и Арачиново. Во Инџиково овој род е помеѓу најстарите; Пампуровци или Атанаскови (2 к.) доселени се од селото Арачиново; Чучевци (1 к.) доселени се од селото Добри Дол; Џикови (1 к.) доселени се однекаде; Тоде Гавре или Трајаноски (1 к.) во Инџиково се од турско време. А некое време живееле и во Маџари; Трубаревци (2 к.) основачот на овој род, таткото на Анте (жив на 76 г. во 1953) се викал Петре. Он е роден во селото Пагаруша. Од Пагаруша, споменатиот Петре преминал во Ракотинци, па потоа Маџари, Долно Лисиче, Трубарево, па повторно во Маџари, па во Кадино. И на крај во Инџиково. За овој род уште се нарекуваат и Чечерковци, Петревци и Маџарцини; Вагањаревци или Крстевци (2 к.) доселени се од селото Усје; Бушевци или Иванови (1 к.) доселени се од селото Белимбегово; Кукачови (3 к.) доселени се од Петровец; Пешови или Стојкови (3 к.) доселени се после 1912 година од селото Црешево; Јорданови (1 к.) родот го основал Блаже Путар. Тој од Блаце се преселил во Скопје, па по некое време во Инџиково; Говрлевци (1 к.) доселени се од селото Говрлево, таму биле староседелци; Николе (1 к.) Николе живеел како говедар во Идризово, Јурумлери и Бунарџик. И на крај во Инџиково.

Албански

  • Доселеници: Ајваз Демир (1 к.), Реџеп Арслан (1 к.), Мустафа Бектеш (1 к.), Алим (1 к.) и Џемаил (1 к.) они се албанизирани Роми, наречени Маљоци. Доселени се од Косово; Абдула Етем (1 к.) доселени се од Косово.[3]


Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во Инџиково постои фудбалски клуб кој го носи името ФК Инџиково. Во своето постоење клубот има освоено две титули.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  2. Државен завод за статистика, makstat.stat.gov.mk
  3. Трифуноски Ф., Јован (1955). Скопско поле. Скопје.
  4. „Верски објекти“. Општина Гази Баба. Посетено на 2010-11-28.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]