Брезица
Брезица — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на град Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Брезица се наоѓа во западното подножје на Градиштанска Планина на надморска висина од 698 метри. Вкупната површина на селскиот атар изнесува 11,7 км2, од на обработливо земјиште припаѓаат 147 ха, на пасишта 329 ха и на шуми 661 ха.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Според некои документи Брезица постоела уште пред IX век.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Земјоделство, сточарство, живинарство, пчеларство и др.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брезица живееле 350 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брезица имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
По налетот на масовното мигрирање село-град, Брезица останала скоро без жители. Така според пописот во 1994 година во селото имало 9, додека според пописот од 2002 година во селото живеат 13 жители, сите Македонци. Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 13 жители, сите Македонци.[4]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350[2] | 400[3] | 372 | 357 | 189 | 87 | 29 | 25 | 9 | 13 |
Родови[уреди | уреди извор]
Брезица e македонско село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во Брезица се:
- Староседелци и доселеници со непознато потекло: Ѓоревци (2 к.), Стевовци (1 к.), Филиповци (4 к.), Мусовци (1 к.), Дудиновци (3 к.), Малиновци (2 к.), Гусларовци (1 к.), Тошевци (1 к.), Јовановци (2 к.), Стамболџијовци (1 к.), Уњеровци (2 к.), Бокчевци (1 к.), Гроздановци (1 к.), Вренковци (1 к.), Мајсторовци (3 к.), Бунгуровци (1 к.), Милошевци (1 к.), Кендеровци (1 к.), Зрзо (1 к.), Трајановци (3 к.), Масларовци (3 к.), Спасевци (2 к.), Мичевци (1 к.) и Митревци (1 к.)[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Месна заедница на с. Брезица
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Манастир св.Петка - св.Недела и црква св.Троица. Во селото постои водоводен систем изграден пред 2000 г. Постојат и три јавни селски чешми, четири улици, извиднички дом.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Секоја година на 7 и 8 август во Брезица се собираат некогашните жители по повод Света Петка - Света Недела. На крајот од селото има два манастира едниот Света Петка другиот Света Недела. Има музика и мини панаѓур. Тоа се деновите кога Брезица повторно живнува како некогаш.
Исто така во селото се слави и 2 август по старата изрека "Свети Илија" - славниот Илинден од 1903 година. Во селото се слави и 31.01 секоја година, славата е зимски Свети Атанас кој се слави и пошироко во околните населени места.
Личности[уреди | уреди извор]
Панче Трајковски, Благоја Смилевски, Симо Божиновски, членови на селско — црковниот одбор како и многубројни луѓе во минатото.
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Извиднички дом "Јадран".
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Постои село - град на жалост.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Населени места“. Општина Петровец. 3 февруари 2009. Посетено на 2010-07-22.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.