Наово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Наово
Навово
Наово is located in Македонија
Наово
Местоположба на Наово во Македонија
Координати 41°56′18.96″N 21°34′45.84″E / 41.9386000° СГШ; 21.5794000° ИГД / 41.9386000; 21.5794000Координати: 41°56′18.96″N 21°34′45.84″E / 41.9386000° СГШ; 21.5794000° ИГД / 41.9386000; 21.5794000
Регион Скопски
Општина Гази Баба
Население нема жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО
Надм. вис. 222 м
Наово на општинската карта
Навово во Општина Петровец.svg

Атарот на Наово во рамките на општината
Commons-logo.svg Наово на Ризницата


Наово (или Навово) — историско село во атарот на с. Идризово територијата на денешна Општина Гази Баба, во југоисточниот дел на Скопскиот Регион. Денес местото се наоѓа близу границите на општините Гази Баба, Кисела Вода и Аеродром. На местото на селото денес има ниви.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во областа Скопска Блатија, североисточно од Скопје. Најблиски населени места се Огњанци (на 2 км) и Петровец.

Историја[уреди | уреди извор]

XIX век[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото ѝ припаѓало на Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Навово живеат 50 Македонци-христијани.[1][2]

XX век[уреди | уреди извор]

Во 1905 г. според Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) Наово (Naovo) има 32 Македонци и 6 Роми.[1][3] По Втората балканска војна во 1913 г. селото потпаѓа под власта на Србија, како и остатокот од територијата на денешна Република Македонија.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го укажува Навово (Navovo) како село со нејасен етнички состав.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. К’нчов, В. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 207
  3. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 114-115.
  4. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927