Бунарџик
Бунарџик | |
Координати 41°59′35″N 21°37′0″E / 41.99306° СГШ; 21.61667° ИГД | |
Општина | Илиден |
Население | 411 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25022 |
Бунарџик на општинската карта Атарот на Бунарџик во рамките на општината | |
Бунарџик — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Бунарџик се наоѓа на левата страна од автопатот Е - 75 - Скопје - Куманово, 10 км источно од главниот град Скопје. географска локација: Илинден, Скопје, Македонија, Европа Географски координати: 41 ° 59 '36 "North, 21 ° 37' 1" Исток
Местото има соодветна раскрсница на автопатот со врска во двете насоки. Автопатот е паралелен на железничката пруга Скопје - Куманово. Во местото Миладиновци на 500 м од локацијата има железничка станица. Аеродромот Петровец е сместен на 3 км оддалеченост од локацијата.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано како Емир Ханли со христијанско население, каде имало 13 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 42 мажи христијани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 98 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 400 жители.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бунарџик живееле 75 жители, сите Македонци[4].[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бунарџик имало 85 Македонци[4], под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како центар на истоимената општина и има 124 жители.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Technological Industrial Development Zone "Bunardzik"-Технолошка индустриска развојна зона "Бунарџик"
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 352 жители, од кои 349 Македонци, 2 Срби и 1 останат.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 411 жители, од кои 351 Македонец, 10 Срби, 8 останати и 42 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 75 | 85 | 281 | 339 | 333 | 255 | 281 | 346 | 334 | 352 | 411 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
[уреди | уреди извор]Бунарџик e македонско село.
Според истражувањата од 1961 година, родови во Бунарџик се:
- Доселеници: Златановци (11 к.) доселени се од селото Дивле, таму биле староседелци. Го знаат следното родословие: Цветан (жив на 90 г. во 1961 година) Ристо-Златан, основачот на родот кој се доселил; Чадлевци (5 к.) доселени се однекаде; Коњарци или Филиповци (5 к.) доселени се од селото Горно Коњари; Качаровци (5 к.) и Роглевци (3 к.) доселени се од селото Инџиково; Петковци (4 к.), Анѓелковци (2 к.), Пешевци (4 к.) и Ивковци (5 к.) доселени се од селото Ајватовци, подалечно потекло непознато; Бојан (1 к.), Тодор (1 к.), Младен (1 к.) и Стојан (1 к.) доселени се во 1953 година од селото Црноштица кај Босилеград (Србија). Останатите родови во селото живеат од турско време.[15]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Црквата Свети Спас во Бунарџик, ја опкружува убава природа.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Роберт Петковски, Македонски Бранител, припадник на БСН Волци, еден од загинатите во масакрот кај Вејце во 2001 година
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]ФК Бунарџик. Во овој клуб својата кариера ја има почнато Горан Христовски, поранешен младински репрезентативец на Македонија.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ 4,0 4,1 Македонците биле забележани како Бугари.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бунарџик“ на Ризницата ? |
|