Прејди на содржината

Марино

Координати: 41°59′35″N 21°35′27″E / 41.99306° СГШ; 21.59083° ИГД / 41.99306; 21.59083
Од Википедија — слободната енциклопедија
За истоименото село во Славонија, Хрватска, видете ја оваа статија.
Марино

Влезот на Марино од страната на Кадино

Марино во рамките на Македонија
Марино
Местоположба на Марино во Македонија
Марино на карта

Карта

Координати 41°59′35″N 21°35′27″E / 41.99306° СГШ; 21.59083° ИГД / 41.99306; 21.59083
Општина Илинден
Население 4.538 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1041
Шифра на КО 25085, 25585
Марино на општинската карта

Атарот на Марино во рамките на општината
Марино на Ризницата

Марино е населено место во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Марино се наоѓа во Општина Илинден, сместено во Скопската Котлина. Места со кои се граничи се Јурумлери, Илинден, Кадино и Миладиновци.

Историја

[уреди | уреди извор]

Значително зголемување на населението Марино доживува во педесеттите години на XX век, со доселувањето на голем број луѓе од кривопаланечките села, а подоцна и од Куманово и Кратово.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948220—    
1953252+14.5%
1961243−3.6%
1971400+64.6%
19812.503+525.8%
ГодинаНас.±%
19913.320+32.6%
19943.359+1.2%
20023.533+5.2%
20214.538+28.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Марино живееле 100 жители, сите Македонци.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 800 Македонци.[3]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.533 жители, од кои 3.396 Македонци, 129 Срби и 8 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4.538 жители, од кои 4.146 Македонци, 3 Албанци, 4 Роми, 3 Власи, 83 Срби, 14 останати и 285 лица без податоци.[5]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 220
1953 175 72 ... 5 252
1961 141 ... ... 97 ... 5 243
1971 316 ... 81 ... 3 400
1981 2.342 120 ... 41 2.503
1991 3.141 143 36 3.320
1994 3.205 148 1 3.359
2002 3.396 129 8 3.533
2021 4.146 3 4 3 83 14 285 4.538

Марино е македонско-српско село.

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:

Српски

Македонски

  • Доселеници: Нешиќи (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Кучевиште; Левајковиќи (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Мирковци; Тапшаноски (2 к.) доселени се во 1928 година од селото Љубанци; Костовци (1 к.), Илијевци (1 к.) и Павлеви (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љуботен; Ѓоргијовски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Бунарџик; Арсовски (1 к.) доселени се во 1941 година од некое село во Овче Поле; Мирчевски (1 к.) доселени се во 1941 година од Тетово; Брзаковски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Симоноски (1 к.) доселени се во 1941 година од Скопје. Некои велат дека се православни Роми (поради темната кожа); Слезенкови (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Цветаноски (1 к.) доселени се во 1941 година од скопското маало топанско; Топузовци (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Кароски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Мирковци; Сурловски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Канчевски (1 к.), Кајевски (1 к.) и Цветковски (1 к.) доселени се во 1941 година од мијачкото село Галичник; Митрови (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Љуботен. Таму биле доселени од селото Побожје, припаѓале на родот Радиќевци; Пешовци (1 к.) доселени се во 1946 година од селото Побожје; Трпчески (1 к.) доселени се во 1948 година од селото Горно Соње.[7]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.206
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  7. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике V. Скопје: Филозофски факултет.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]