Мралино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мралино
Glavnata-ulica-vo-Mralino.jpg

Главната улица во Мралино

Мралино is located in Македонија
Мралино
Местоположба на Мралино во Македонија
Координати 41°57′24″N 21°36′6″E / 41.95667° СГШ; 21.60167° ИГД / 41.95667; 21.60167Координати: 41°57′24″N 21°36′6″E / 41.95667° СГШ; 21.60167° ИГД / 41.95667; 21.60167
Општина Општина Илинден
Население 821 жит.
(поп. 2002)
Commons-logo.svg Мралино на Ризницата
Средсело во Мралино, последна станица на автобусот 63
Поглед на селската црква и околните куќи

Мралиносело во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Мралино се наоѓа на југоисток од Скопје и припаѓа на Општина Илинден. Од Скопје е оддалечено 17 км и до него се стигнува по автопатот Скопје-Велес, а во негова близина се наоѓа и меѓународниот аеродром „Александар Велики“. Низ селото поминува вештачки канал кој ја собира атмосферската вода и плитките подземни води. Од животинскиот свет може да се види ласица, еж, полски глушец и други, а во последно време се забележува и верверицата. Од птици може да се сретне штрк, ластовица и дива патка, а се забележуваат и чапјата и орелот, како и многу други птици карактеристични за овој регион. Во селото има црква која е во израдба и е посветена на Преображение на Пресвета Богородица. Темелите на црквата се поставени на 30 септември 2001.

Историja[уреди | уреди извор]

Во Мралино и неговата поблиска околина има старини кои укажуваат на тоа дека овде имало население од дамнешни времиња. На околу 500 м источно од селото се наоѓа вештачко возвишение викано наречено „Тумба“. На ова место се наоѓаат многубројните селски гробови. На средината од Тумбата има плитка вдлабнатина во правец север-југ (12-15 м). Како што се верува, во споменатата вдлабнатина некогаш лежела римска црква. Сосема е сигурно дека тука имало некаква римска населба. До самото село, каде што некогаш биле колективните штали (на југ до автопатот Скопје-Велес), до скоро се познавале стари гробови кои не припаѓаат на денешните родови на населението од тој крај. Според народното предание, денешното село Мралино е основано за време на Турците. Тогаш тоа припаѓало на некоја жена викана Мирали Анам. Како што се верува, по неа денешното село го носи името Мралино.

Пред крај на турското владение, со селото владееле чифлик-сајбии, кои имале свои чифчии, момоци и падари, од христијанско население. Со почетокот на XX век село Мралино имало 30-тина христијански чивчиски куќи. Од страв дека државната власт ќе им ја подели земјата на селаните, беговите го протерале христијанското население. При ослободувањето од Турците, во Мралино останале само 4 трајно населени куќи.

Населување[уреди | уреди извор]

Со почетокот на XX век село Мралино вкупно имало околу 30 христијански чифчиски куќи. Од страв дека државната власт ќе ја подели земјата на селаните, поколем дел од фамилиите околу 1908 година биле протерани од беговите. Од тие иселеници познати се Шапкалиовци, Спасовци, Топузовци, Никанчевци, Крошњаровци и други. При ослободувањето од Турците во селото имало само 4 трајно населени куќи.

Од чивликлукот селото се ослободило по Балканските војни и Првата светска војна. Затекнатото и новонаселеното население добивале земја во најголем дел со помош на аграрната реформа, а еден помал дел со купување од чифлик-сахабиите. Површината што ја зафаќа Мралино е околу 525 ha. По Првата светска војна 100 ha селска земја зела државата за потребите на аеродромот. Таму биле главните селски ниви, додека денешните ниви воглавно биле ливади и бари.

Во Мралино во 1953 година имало 43 македонски и 4 српски родови. Сите овие родови биле воглавно скоро доселени тогаш. Во Мралино (по Трифуновски) , Во 1925 година , имало 14 куќи. Како први населеници се забележани: Колевци живееле и во Петровец, Цуцуловцим доселени во текот на XIX век. Кацовци потекнуваат од Кичевскиот крај живееле во д. Лисиче, Кадино Село. Кумановци дошле од Идризово. Брдаровци , дошле од Бабуна, Велешко, старо презиме Голомеовци. Коштановци дошле од Батинци. Цветановци од Дељадровци, преку Бујковци и Петровец. Попови од Бадар на слив од реката Пчиња. Пејковци дојдени од Кадино село. Никанчевци од Драчево , живееле и во Петровец и во Бујковци. Ристиќи, дојдени од Рвати од Рашка преку Д. Грабовица во Топлица и Скопје. ( Од Старина потекло им е од Призрен , преку територија на Васојевиќи и Никшиќка Жупа во Сјенички крај и понатаму во Ибарска долина - Рашка) . По Трифуновски, по 1926 година во Мралино се доселуваат и следниве родови, Бојчевци 1926 година од Побожје скопско, уште по далечно потекло им е од "Велешко ". Ѓаковци и овие 1926 година се дојдени од Побожје, нивното по далечно потекло им е од Ѓаковица- Косово. Јанкови, Говедарови, Стојкови и Горњивски се дојдени 1926 година од Побожје. Бистричани се доселени 1927 година од Бистрица , околината на Велес (овде купиле чифлик, дошле преку Скопје). Спасиќи од околината на Куршумлија дошле 1921 година. Маринковиќи од околината на Куршумлија дошле 1925 година. Јовановиќи дошле 1919 година од околината на Чачак во Кадино Село па од таму Кузман Јовановиќ 1926 година поминува во Мралино како домазет. Фамилијата Атанаскоски се доселени од селото Здуње, Порече. Во 1966 се доселило и семејството Готиќ (Живоја Готиќ) од с. Могила, Косовско, во 1968 се доселило семејството Ивковиќ (Данило Ивковиќ), во 1969 се доселило семејството Трајковиќ (Милан Трајковиќ), семејствата Ивковиќ и Трајковиќ се доселени од селото Радивојце, Косовско.

Економија[уреди | уреди извор]

Населението се занимава со земјоделство и сточарство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Мралино живееле 42 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мралино имало 24 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Мралино живеат 821 жител, од кои:[3]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 285
1953 237 1 35 ... 1 274
1961 236 19 ... ... 42 ... 2 299
1971 299 7 ... 83 ... 1 390
1981 511 23 1 163 ... 5 703
1991 675 12 21 156 27 891
1994 616 3 22 145 5 791
2002 625 1 29 166 821


Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

ФК Мралино[уреди | уреди извор]

Почетоците се во 60-тите години од ХХ век, кога се натпреварува во општинската лига , Петровец. Првиот тим, ФК Мралино од тоа време познати се следните играчи, Мицко Мирчевски (Богдан Мирчевски, Томислав Настевски), Ѓоре Благоевски, Димитар Маринковиќ,Бранко Кудрановиќ, Томислав Јовановиќ, Тофил Велковски, Боне Петковски, Мицко Мирчевски, Драган Колевски, Младомир Јовановиќ, Богољуб Игњатовиќ, Цветан Петковски Дусан Петковски , . Подоцна кон тимот се приклучуват и играчите од помладата генерација : Спасо Велковски, Пере Ѓеорѓиевски, како и играчите од подмладокот на Ф-к. Вардар : Кирил Дојчиновски и Борче ( Шеки ) Блажевски.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Скопско Поле на Д-р, Ј. Ф. Трифуновски

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
  2. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.