Подземни води

Од Википедија — слободната енциклопедија
Водниот циклус и дотурот во подземните води

Водите претставуват многу значаен природен фактор за животот на луѓето, за развојот на животинскиот и растителниот свет, како и на земјоделието. Тие се користат како енергетски извори, за наводнување, за рекреација и спорт како и води со лековити својства. Во зависност од релјефот и климата, во Република Македонија се наоѓаат подземни води и извори, реки и езера.

Подземните води лежат врз непропусливи слоеви од глина над кои, пак, се наоѓаат пропусливи слоеви од ситен песок и чакал. Во нашава земја има два типа подземни води: бунарски и артерски.

Бунарски подземни води[уреди | уреди извор]

Бунарските подземни води се најчесто застапени во котлините и во речните долини. Во добиваат од врнежите или од самите реки, доколку се наоѓаат во близина на речното корито.

Артерски подземни води[уреди | уреди извор]

Артерските подземни води ги има во сите наши котлини. Тие се наоѓаат меѓу два непропусливи слоја. Кога горниот непропуслив слој ќе се продупчи, водата излегува на површината во вид на водоскок. Нивната најголема распространетост е на длабочина меѓу 50 и 80 метри.

Извори[уреди | уреди извор]

Извори во Македонија има околу 1.100. Тие се делат на слаби и јаки извори. Многу јаките извори се наречени врутоци. Такви се врутоците на Вардар, Црна Река, Треска и други. Најголем број извори се наоѓаат во планинските подрачја на Шар Планина, Бистра, Баба, Јакупица, Кожуф и други. Најсилен извор во нашава земја е врутокот Острово, кај манастирот Св. Наум. Од наго излегуваат 11м³ вода во секунда. Врутокот Рашче со 4 м3 вода во секунда се смета за еден од најзначајните во Македонија. Со вода за пиење од него се снабдува населението на Скопје и околните настелби. Од особено значење е врутокот на Вардар, од кој се снабдува населението од Гостивар како и врутокот на реката Студенчица кој е значаен за населението од Кичево, Македонски Брод, Крушево и Прилеп.

Минерални извори[уреди | уреди извор]

Во Република Македонија има и минерални извори. Тие се делат на топли и студени извори. Во топлите извори температурата на водата е поголема од 20 °C, а во студените е помала од 20 °C. Топли извори има на 8 места и тие се преурадени во бањи, а студените се наоѓаат во близина на Скопје, Битола и Гевгелија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]