Еж
Изглед
| Еж[1] | |
|---|---|
| Европски еж | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Колено: | Хордати |
| Класа: | Цицачи |
| Ред: | Ежевидни |
| Семејство: | Ежевидни |
| Потсемејство: | Erinaceinae Г. Фишер, 1814 |
Еж е животно кое го сочинуваат 14 видови инсектојадци од семејството на Erinaceidae.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Главна храна им се инсекти и други антроподи, но исто така, јадат и растителни производи.
Особености
[уреди | уреди извор]Деветте видови бодлести ежови имаат кратки боцки на грбот, тркалезно тело, мала глава, жилесто лице и мало опавче или воопшто го немаат. Должината варира од 10 до 44 см.Бодлестите ежови потекнуваат од Велика Британија, Северна Африка и Азија, а еден вид се среќава во Нов Зеланд. Петте видови на гимнур, или влакнест еж, се со азиско потекло. Тие имаат грубо цврсто влакно, но немаат боцки и имаат тежок мирис. Обичниот гимнур може да е долг до 46 см и да има долга опашка до 30 см.
Ежот како мотив во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Еж“ — краток расказ на македонскиот писател Петар Т. Бошковски.[2]
- „Борец со илјада копја“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[3]
- „Ешко и крушата“ — брзозборка на македонскиот писател Јован Стрезовски.[4]
- „Боцливото еже“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Предлошка:MSW3 Hutterer
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 64.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 29.
- ↑ Ономоно дономоно. Просветно дело АД - Скопје, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2007, стр. 5.
- ↑ Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 37-38.
|