Петар Т. Бошковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Петар Т. Бошковски (1936, с. Острилци — 15 јули 2006, Скопје) — македонски писател (романсиер, поет, драмски автор, есеист и критичар).[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Петар Т. Бошковски бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Автор е на седум стихозбирки, четири романи, четири книги со есеи и критики, две антологии и неколку драми. Избор од неговото творештво е објавен во четири тома. Неговите песни во проза се застапени во делата „Критична точка“ (2002) и „Вратика“ (2005). Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]

Награди[уреди | уреди извор]

Бошковски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 1970 година (за стихозбирката „Постела од трње“) и на други книжевни награди и признанија.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Aldo Kliman (1973). Makedonskata kniževnost vo kniževnata kritika: Umetničko tvoreštvo. "Misla".
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 59-64 и 355.
  3. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 45 - 46.