Ежевидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
  1. FFE5B4"
  1. FFE5B4"
Ежевидни
Erinaceomorpha
Период: Еоцен - денес
Igel.JPG
Erinaceus europaeus
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. FFE5B4" | Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Инфракласа: Eutheria
Надред: Laurasiatheria
Ред: Erinaceomorpha
Грегори, 1910
Семејство: Erinaceidae
Г. Фишер, 1814
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. FFE5B4" | Потфамилии & родови

Ежевидните образуваат ред (Erinaceomorpha) на вистински цицачи во кој има само една денешна фамилија − Erinaceidae. Тоа се кратконоги животни со пет прсти на секое стапало и со плантиграден начин на движење (прсните коски и петтата се паралелни со површината на која се оди). Главата е најчесто заострена и со издолжен нос. Крзното може да биде боцкаво (како кај ежевите) или меко (како кај гимнурите).

Морфологија[уреди | уреди извор]

Морфолошките одлики на претставниците од оваа група се сметаат за примитивни. Тоа се мали цицачи со кратки нозе и големи стапала. Стапалата имаат пет прсти, со исклучок на некои африкански ежеви од родот Atelerix. Ежевидните се движат на плантиграден начин. Двете коски од долната потколеница (тибија и фибула) се сраснати во една коска. Опашката е влакнеста и со различна должина. Главата е издолжена, и тоа повеќе кај гимнурите отколку кај ежевите. Очите се мали, но се подобро развиени од оние на другите инсектојади. Формата на черепот е најразлична. Сите видови имаат мала мозочна кутија.

Формула С П П К
36–44 = 3 1 3–4 3
2–3 1 2–4 3

Ежевите се понапредни во својата градба од гимнурите. Најзабележливата разлика меѓу двете потфамилии е крзното. Гимнурите и месечевите стаорци се прекриени со меко крзно, додека ежевите со густо крзно од тенки боцки, кои започнуваат од главата и продолжуваат кон грбот и страните. Бојата варира во зависност од видот, но најчесто таа е со жолти или сивкасто-кафени или црни тонови.

Забната формула на ежевите и гимнурите е мошне слична.

Првите секачи се големи. Кај гимнурите постојат три пара на секачи на секоја вилица, додека кај ежевите е изгубен третиот долен пар.

Систематика[уреди | уреди извор]

Постојат 10 родови и 24 видови на ежевидни цицачи.