Велче Нацев
Велче Петков Нацев ( 1920 во Мралино, Скопско — 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Завршил основно училиште. Бидејќи потекнувал од сиромашно семејство, работел како селски момок. Освен тоа чувал добиток кај побогати селани. Во декември 1944 година по ослободувањето на Македонија, стапил во Треттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во борбите против балистичките банди кај Бујановац. Потоа заминал за Земун каде посетувал тримесечна воено-политичка настава. Учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт. Во една од големите битки, на 16 април 1945 година, работејќи како болничар му укажувал прва помош на ранетите другари близу Врпоље. Тогаш бил смртоносно погоден од непријателски куршум. Бил закопан од неговите соборци на местото каде што загинал.[1]