Горно Нерези

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горно Нерези
Горно Нерези is located in Македонија
Горно Нерези
Местоположба на Горно Нерези во Македонија
Координати 41°58′44″N 21°22′23″E / 41.97889° N; 21.37306° E / 41.97889; 21.37306Координати: 41°58′44″N 21°22′23″E / 41.97889° N; 21.37306° E / 41.97889; 21.37306
Општина Карпош
Население 314 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 25550
Надм. вис. 771 м
Commons-logo.svg Горно Нерези на Ризницата
Поглед кон Горно Нерези од манастирот

Горно Нерези — село во Општина Карпош, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Манастирската црква „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези

Горно Нерези е ридско село сместено на западниот дел на северната падина на планината Водно на надморска височина од 600 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век Горно Нерези било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Нерези (Горно, Долно и Средно) живееле 260 Македонци христијани и 300 Арнаути муслимани.[1][2]

На почетокот на XX век целото христијанско населени на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во Нерези имало 288 Македонци под егзархијата.[1][3]

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Нерези како мешано македонско-албанско село.[4]

Археолошки наоѓалишта[уреди | уреди извор]

  • Градиштеградиште со некропола од доцноантичкото време. На 1 км источно од селото, на северните падини на Водно, на издадена карпеста чука со зарамнет врв во форма на триаголник и со димензии од 110 × 105 м се гледаат остатоци од одбранбен бедем граден од кршен камен и варов малтер. На површината на градиштето се гледаат темели од повеќе објекти и множество градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и монети. На северозападното подножје, при обработувањето на земјата се откриени повеќе гробови градени од камени плочи.
  • Св. Пантелејмоносамен наод од римското време. Во 1967 година, при изведувањето на конзерваторските работи во манастирот, во подот под централната купола на манастирската црква е откриен надгробен споменик од бел мермер со латински натпис. Споменикот е вратен на истото место, со натписот свртен надолу.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Куќи во Македонското етно село во Горно Нерези

Населението главно се занимава со сточарство и полјоделство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во Горно Нерези живеат 314 жители, од кои:

  • Македонци 22
  • Албанци 282
  • Турци 6
  • Власи 1
  • Срби 3

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Илија“ во Горно Нерези

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Св. Пантелејмон“ — манастирска црква изградена во XII век;
  • Св. Илија“ — црква осветена на 23 октомври 2016 г. Изградена на место каде некогаш постоел крст со мал параклис, изграден во 1887 година.
  • Македонско етносело

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Долно Нерези — некогашно село, денес градска населба меѓу Козле и Тафталиџе II

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 205. ISBN 954430424X.
  3. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.114-116.
  4. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]