Градиште (Горно Нерези)

Координати: 41°58′53″N 21°23′07″E / 41.98139° СГШ; 21.38528° ИГД / 41.98139; 21.38528
Од Википедија — слободната енциклопедија
Градиште

Карта

Местоположба 41°58′53″N 21°23′07″E / 41.98139° СГШ; 21.38528° ИГД / 41.98139; 21.38528
Основни податоци
Место Горно Нерези
Општина Карпош
Тип

 градиште  некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиштеархеолошко наоѓалиште во скопското село Горно Нерези. Претставува градиште со некропола од доцноантичко време.

На 1 км источно од селото, на северните падини на Водно, на издадена карпеста чука со зарамнет врв во облик на триаголник и со димензии од 110 × 105 м се гледаат остатоци од одбранбен бедем граден од кршен камен и варов малтер. На површината на градиштето се гледаат темели од повеќе објекти и множество градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и монети. На северозападното подножје, при обработувањето на земјата се откриени повеќе гробови градени од камени плочи.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 370. ISBN 9989-649-28-6.