Влае

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Влае I)
Прејди на: содржини, барај
Зграда во Порта Влае
Влае се наоѓа во Скопје
Влае
Местоположба на Влае во Скопје

Влае — урбанизирана населба, составена од две населби означени како Влае I и Влае II. Влае е во состав на општината Карпош, Скопје. Населбата Влае се наоѓа во западниот дел на Скопје, меѓу населбите Ѓорче Петров (на запад), Злокуќани (на север), Хром (на југ) и Карпош IV (на исток). Наслебата лежи од левата страна на реката Вардар. Низ Влае поминува фреквентниот булевар „Партизански одреди“, што ја прави населбата транзитна зона за речиси сите што патуваат од Скопје кон Тетово.

Население[уреди | уреди извор]

Националниот состав на населението во Влае е воглавно Македонци со помал број на Срби и други заедници. За разлика од останатите скопски населби, Влае претежно е составено од поединечни куќи за живеење, со исклучок на делот Порта Влае, кој е сочинет од големи згради. Според пописот од 2002 година, населбата Влае има 6.809 жители, од кои:

Население низ историјата[уреди | уреди извор]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[1] 1905[2] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 40 32 243 278 492 6.809
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[3]

Објекти во Влае[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од Влае се состои од куќи и бараки. Единствените згради во Влае се комплексот згради Порта Влае, покрај неколкуте станбени згради што се наоѓаат на границата со Хром и се високи до 5 катови. Порта Влае претставува трговски центар, составен од 5 згради со бела пикувана фасада. Во приземјето и на мезанинот има деловни простории, а останатиот дел се станови. На кејот на реката Вардар, на северната страна од мостот „Обединети нации“ се наоѓаат бројни луксузни куќи и имоти. Јужно од мостот се наоѓаат фудбалски и кошаркарски игралишта и детско игралиште. Во Влае се наоѓа и таканаречениот железнички мост (сега булевар), јужно од „Обединети нации“, што значително го скратува патот од Влае и Хром до Тафталиџе и Капиштец. Во населбата има едно основно училиште, „Димо Хаџи Димов“ коешто се наоѓа јужно од булеварот „Партизански одреди“. Во училиштето учат околу 1700 ученици, без претшколските од градинката во истото училиште. Поранешното име на училиштето било „Јосип Броз - Тито“. Друг познат објект во Влае е познатата продуцентска куќа К-15. Долго време во изградба беше познатиот пешачки мост, надвозникот „Влајко“. Надвозникот е поставен на многу нефреквентно место, на околу 100 m од главниот пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, што ја прави неговата улога многу незначителна.

Цркви
Изградени бараки во Влае, донација од Словенија
Уредување на паркови во населба Влае во кое учествуваат голем број на шумски работници од цела Југославија (5 јануари 1964)

Историја[уреди | уреди извор]

Земјотресот во Скопје од 1963 година: Почетни работи за изградба на станови во населба Влае, лево и десно од Партизанска, помош од Словенија

Според традиционалните преданија, селото е создадено во подалечното минато со преселба на жители од Горно Нерези на падините на Водно.

На крајот од XIX век Влае било село во Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Влае имало население од 40 жители, сите Македонци христијани.[7] За селото Влае, Јордан Хаџи Константинов - Џинот забележал дека било расположено на брегот на реката Вардар и имало околу 2.000 врби и било „едно село највесело“.[8]

Влае е една од поновите населби во Скопје. Изградена е по земјотресот во 1963 година со своевидно проширување на селото Влае, со донации од владата на Словенија. Затоа поголемиот дел од улиците имаат имиња на словенечки писатели, како на пример „Иван Цанкар“, „Франце Прешерн“ итн.

Археолошки локалитети[уреди | уреди извор]

  • Мост на Лепенец Iосамен наод од римското време. Западно од мостот на Лепенец, во 1954 година, вадејќи песок, откриена е надгробна стела од бел мермер, со релјеф и латински натпис и со димензии од 155 × 77 × 30 см. Во непосредната близина на стелата откопана е и голема борова шишарка изведена од мермер. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
  • Мост на Лепенец IIосамен наод од римското време. На околу 500 м западно од мостот на Лепенец, во 1954 година, при вадењето на песок е откриена стела со релјеф и латински натпис, посветена на еден ветеран од петтата македонска легија, со димензии од 195 × 59 × 24 см. Плочата се чува во лапидариумот на Музејот на Македонија во Скопје.


Познати личности кои живеат или живееле во Влае[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  2. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  3. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  4. Трајковска, Деспина. „Црквата „Свети Стефан“ во Влае и по една година неизградена“, Утрински Весник, 3 јуни (посет. 24 јули 2012 г). (на македонски)
  5. „цркви“ (на македонски). ХАЦМ. http://www.adventisti.org.mk/content/mesni_crkvi.php. посет. 24 јули 2012 г. 
  6. „црква Влае“ (на македонски). Адвентистичка црква на Македонија. http://www.sdakavadarci.com/video/vlae. посет. 24 јули 2012 г. 
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, с.208
  8. „Војната донесе пруга, а железничарите населба“, Публика - неделен политички прилог, број 300, сабота, 24 септември 2016, стр. 2-3.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]