Валентина Божиновска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Валентина Божиновска
Родена 13 април 1967
Скопје
Националност Македонка
Занимање глумица
политичарка

Валентина Божиновска (родена на 13 април 1967 година во Скопје) — македонска глумица, политичарка и доктор по филолошки науки. Поранешен директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.[1]

Од 1998 до 2002 година пратеник во Собранието на Македонија; од 2005 - 2006 советник во град Скопје; од 2006 - 2008 пратеник во Собранието на Република Македонија; Претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Царството Јапонија; Член на Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за европски прашања, Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, Пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Канада, Пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Словенија.

Мажена е за археологот Драги Митревски со кого има една ќерка.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи“. Архивирано од изворникот на 2014-04-20. Посетено на 2014-09-24.
  2. „Валентина на Белото Море“. Вест. 14 август 2010. Архивирано од изворникот на 2010-08-20. Посетено на 2010-08-14.