Иван Цанкар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иван Цанкар
Ivan Cankar
Ivan Cankar 1915.jpg
Роден/а10 мај 1876
Врхника, Австроунгарија (денес Словенија)
Починат/а11 декември 1918
Љубљана, Кралство СХС (Словенија)
Занимањеписател, есеист, драматург, поет, политички активист
Жанрдрама, расказ, роман, есеј
Книжевно движењесимболизам, модернизам
Родната куќа на Цанкар во Врхника
„Еротика“ (1899)
„Слугата Јернеј и неговото право“ 1907)

Иван Цанкар (словенечки: Ivan Cankar; Врхника, 10 мај 1876Љубљана, 11 декември 1918) — словенечки писател, поет, раскажувач, драматург и публицист. Заедно со Отон Жупанчич, Драготин Кете и Јосип Мурн, тој се смета за почетник на модернизмот во словенечката книжевност. Понекогаш тој се смета за најголем писател во словенечката литература и понекогаш се споредува во Словенија со Франц Кафка или Џејмс Џојс.[1]

Во своите дела ја разоткривал неправдата и лицемерството на малограѓанската средина, се борел за правата на обичниот човек. Негови познати дела се „Слугата Јернеј и неговото право“, „Кралот на Бетајнова“ и „Под крстот“.

Наследство[уреди | уреди извор]

И до ден денешен, прозата на Цанкар се смета за една од најдобрите во словенечката книжевност. Неговото влијание како писател на романи се намалило во 1960-те, но неговите драми сè уште се меѓу најпознатите театарски претстави во Словенија.

Голем број улици, плоштади, згради и институции го носат името на Цанкар во Словенија, но и во останатите поранешни републики од СФРЈ. За време на Втората светска војна по него биле именувани една бригада и еден баталјон. По Цанкар е именуван и „Цанкаровиот дом“.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Erotika (Еротика, 1899)
  • Jakob Ruda (Јаков Руда, 1900)
  • Knjiga za lahkomiselne ljudi (Книга за лесноумни луѓe, 1901)
  • Tujci (Странци, 1901)
  • Za narodov blagor (За добротата на народот, 1901)
  • Na klancu (На ридот, 1902)
  • Kralj na Betajnovi (Кралот на Бетајнова, 1902)
  • Ob zori (Во зора, 1903)
  • Križ na gori (Крст на гора, 1904)
  • Gospa Judit (Госпоѓа Џудит, 1904)
  • Hiša Marije Pomočnice (Куќата на Марија Пошничката, 1904)
  • Potepuh Marko in Kralj Matjaž (Вагабонтот Марко и Крал Матјаж, 1905)
  • V mesečini (Во месечева светлина, 1905)
  • Nina (Нина, 1906)
  • Martin Kačur (Мартин Качур, 1906)
  • Aleš iz razora (Алеш од браздите, 1907)
  • Hlapec Jernej in njegova pravica (Слугата Јернеј и неговата правда, 1907)
  • Krpanova kobila (Крпанова кобила, 1907)
  • Zgodbe iz doline šentflorjanske (Приказни од Долината на Св. Флоријан, 1908)
  • Pohujšanje v dolini Šentflorjanski (Скандал во Долината на Св. Флоријан, 1908)
  • Novo življenje (Нов живот, 1908)
  • Kurent (Курент, 1909)
  • Za križem (По крстот, 1909)
  • Hlapci (Слуги, 1910)
  • Bela krizantema (Бела хризантема, 1910)
  • Volja do moči (Волјната на моќта, 1911)
  • Troje povesti (Три приказни, 1911)
  • Lepa Vida (Убава Вида, 1912)
  • Milan in Milena (Милан и Милена, 1913)
  • Moje življenje (Мојот живот, 1914, објавена во 1920)
  • Podobe iz sanj (Слики од сонови, напишана во 1917-1918, објавена во 1920)
  • Mimo življenja (напишана во 1904, објавена во 1920)
  • Romantične duše (Романтични души, напишана во 1897, објавена во 1922)

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Cankar, Ivan (1968), Bela krizantema, Ljubljana: DZS .
  • Doležal-Jenstrle, Alenka (2003), Mitologizacija ženske v Cankarjevi prozi, Ljubljana: Filozofska fakulteta Univerze v Ljubljani .
  • Dović, Marijan (2006), Cankar kot utemeljitelj profesionalnega pisatelja - umetnika, Ljubljana: Slavistično društvo Slovenije .
  • Gradišnik, Janez (2004), „Spomini na Dejanje“, Nova revija (269/270) .
  • Hribar, Spomenka (2005), „Slovenska khatarsis“, Revija 2000 (174/176): 25–70 .
  • Kos, Janko и др. (1982), Slovenska književnost, Ljubljana: Cankarjeva založba .
  • Kos, Janko (1983), Pregled slovenskega slovstva, Ljubljana: DZS .
  • Kos, Janko, Pregled slovenske književnosti .
  • Košiček, Marijan (2001), Ženska in ljubezen v očeh Ivana Cankarja, Ljubljana: Tangram .
  • Pirjevec, Dušan (1964), Ivan Cankar in evropska literatura, Ljubljana: Cankarjeva založba .
  • Puhar, Alenka (1982), Prvotno besedilo življenja, Zagreb: Globus .
  • Vidmar, Josip (1962), Drobni eseji, Maribor: Obzorja .
  • Žižek, Slavoj (1987), Jezik, ideologija, Slovenci, Ljubljana: Delavska enotnost .
  • Zver, Milan (1996), Sto let socialdemokracije na Slovenskem, Ljubljana: Nova obzorja .

Надворешни врски[уреди | уреди извор]