Грчец
Грчец — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало само 1 жител, чија бројка е според Државниот завод за статистика, кои ги бројат жителите согласно катастарските атари.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е дел од Општина Сарај, во близина на Скопје. Селото е оддалечено околу 10 км од Скопје и се наоѓа на планината Водно. Грчец е составено од две маала, Горни Грчец се наоѓа на Водно, а Долни Грчец во близина на Треска, поточно Матка.
Во северниот дел на Долен Грчец, крај свиокот на Треска се наоѓа маалото Чичино Село.
Историја[уреди | уреди извор]
Кон крајот на XIX век Грчец било село како дел од Скопската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 95 жители Албанци муслимани.[2] Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[3] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[4]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година, Грчец има 1 жител Македонец.
Според последниот попис од 2021 година, Грчец има 36 жители, од кои 3 Албанци и 33 лица без податоци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 95 | — | 607 | 658 | 569 | 30 | 1.315 | 39 | 1.805 | 1 | 36 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Грчец е албанско село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото биле:
- Доселеници: Арцика (14 к.), Уколар (12 к.), Гаџалар (34 к.) и Врескало (28 к.) споменатите родови потекнуваат од предци доселени на почетокот од XIX век од Горна Река. Во селото Кракорница постои род Врескало. Од нив е родот Врескало во Грчец.[9]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Градиште — градиште од доцноантичко време
Личности[уреди | уреди извор]
- Ким Мехмети (р. 1955) — писател и политички аналитичар
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 370. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Грчец, на Карти на Гугл
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|