Бојко Василевски
Бојко Василевски | ||
Роден | 1921 Бањани, Скопско | |
---|---|---|
Починал | 1945 Славонска Пожега, Хрватска |
Бојко Василевски ( 1921 во Бањане, Скопско ― 1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Произлегува од сиромашно семејство. Поради слабите материјални услови немал можност да го продолжи своето образование. Се занимавал со земјоделство. Бојко стапил во 16та македонска ударна бригада на 9 септември, 1944 година. Во составот на Бригадата учествувал во голем број борби против балистите како и во ноќните акции против германските моторизирани колони, кои се повлекувале низ Качаничката Клисура кон Косово. По ослободувањето на Македонија во состав на Бригадата ја продолжил борбата против разбиените балистички банди.
Учествувал и во пробивот на Сремскиот фронт. Во Славонска Пожега, каде наполно била уништена поголема германска и усташка единица, Бојко храбро загинал и бил закопан на својата борбената позиција.