Русе Рајчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Русе Рајчев

Русе Митрев Рајчев ( 1923 во Бањане, Скопско12 април 1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа стопанисувал како земјоделец. По доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во Скопска Црна Гора, сестрано ја помагал. На 30 септември 1944 година ѝ се приклучил. Во состав на истата најпрво се борел против балистичките банди на терените на Скопска Црна Гора и против моторизираните германски колони во Качаничката Клисура, а по ослободувањето на Македонија учествувал во ликвидирањето на балистичките банди на Косово. На 12 април 1945 година бил учесник во пробивот на Сремскиот фронт. Храбро загинал во борбата за ослободување на Банова Јаруга. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 121. На |first= му недостасува |last= (help)