Дуло (Бањане)

Од Википедија — слободната енциклопедија


Местоположба 42°6′29″N 21°23′17″E / 42.10806° СГШ; 21.38806° ИГД / 42.10806; 21.38806Координати: 42°6′29″N 21°23′17″E / 42.10806° СГШ; 21.38806° ИГД / 42.10806; 21.38806
Основни податоци
Место Бањане
Општина Чучер-Сандево
Тип

Археомак 2.0 графички знак (вила рустика).svg вила рустика


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Дуловила рустика од доцноантичкото време. На еден километар југоисточно од селото Бањане, во близината на изворот „Дуло“, на вакафска парцела („Св. Ѓорѓи“), во 1977 година селаните раскопале темели од вила рустика. Основата на објектот е втемелена по оската северозапад-југоисток, во вид на буквата „Г“, со 6 простории од кои една е создадена апсидно кон северозапад, а тремот е кон југоисток. Ѕидовите се од кршен камен со доста антички мермерни сполии, поврзани со хидрауличен малтер. Зачувани се остатоци од камени столбови, капители, архитрави, имбрекси, тегули, тубулуси, како и многу керамички материјал. Два сада се чуваат во Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Скопје.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069