Преку Река (Мирковци)
Преку Река — археолошко наоѓалиште крај скопското село Мирковци. Наоѓалиштето претставува осамен наод од римското време. Од ова место потекнуваат повеќе споменици од бел мермер евидентирани од Н. Вулиќ: надгробна стела од која е зачува делот со латински натпис; дел од релјеф со претстава на Венера и мал крилест гениј; надгробен споменик со релјефно претставена розета, чешел и огледало; горен дел од надгробна стел со розета и претстава на огледало и чекан; и плочест дел со релјефна претстава на воловска глава (букранион) од чија лева страна виси гирланда. Наодите се чуваат во лапидариумот на Музеј на МакедонијаМузејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Преку Река — осамен наод од римското време;
- Шуманица — некрополоа од доцноантичкото време;
- Мирковци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Скопско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 379, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |