Св. Ѓорѓи (Блаце)
Св. Ѓорѓи — археолошко наоѓалиште кај скопското село Блаце, Општина Чучер-Сандево. Претставува осамен наод од римско време.
При изградбата на железничката пруга е пронајден жртвеник со вотивен натпис, посветен на божествата Јупитер, Јунона и Минерва. Споменикот се наоѓа во близината на некогашната селска црква „Св. Ѓорѓи“.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Барда — осамен наод од римското време
- Лозје — осамен наод од римското време
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 365. ISBN 9989-649-28-6.