Ратко Шагов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ратко Шагов
Ratko Shagov.jpg
Роден 4 јуни, 1922 година
Бањани, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал јануари/февруари, 1946 година
Од последици од раните здобиени на бојното поле.
Националност Македонец

Ратко Јованов Шагов (4 јуни 1922 во Бањане, Скопско1946 во ?) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен-плоча од НОБ во Бањани, на која се наоѓа името на Ратко Шагов

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, а потоа се занимавал со земјоделство. Со доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, материјално ја помагал и самиот стапил во нејзините редови. Учествувал во борбите против балистите на терените на Скопска Црна Гора, а по ослободувањето на Македонија, продолжил да се бори против балистите на Косово. Потоа заминал на Сремскиот фронт, каде учествувал во борбите за дефинитивно ослободување на татковината. Бил учесник во пробивот на Сремскиот фронт и во голем број борби. На 22 април 1945 година во една битка против германските единици, бил тешко ранет во ногата. Го лечеле во подвижната болница, а потоа бил ослободен како неспособен за борба. Од последиците на раните починал во почетокот на 1946 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 162. На |first= му недостасува |last= (help)