Џепин
Џепин — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Џепин се наоѓа северно од градот Струга, западно од Корошишта и источно од Делогожди.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Охридската каза во Струшката нахија во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Џепин имало 12 жители, сите Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, селото брои 424 жители, од кои 423 Албанци и 1 останат.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 122 жители, од кои 119 Албанци и 3 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 12 | — | 67 | 106 | 144 | 189 | 311 | 0 | 345 | 424 | 122 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Џепин е албанско село.
Родови во Џепин се: Бафтијари (5 к.) и Камбери (3 к.) доселени се од соседното село Делогожди, они се први доселеници; Велију (13 к.) доселени се исто така од Делогожди, одма после претходните родови, го знаат следното родословие: Верит (жив на 65 г. во 1980 година) Реџеп-Емин-Велију, основачот на родот кој се доселил. Нивното подалечно потекло е од Дебарско; Делогождани (7 к.), Корошиштани (4 к.) и Песочани (2 к.). Првите се доселени од селото Делогожди, вторите од селото Корошишта, а третите од селото Песочани, Дебрца.[9]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 253.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |