Мали Влај
![]() |
Извадок од народна сказна раскажана од жена од Мали Влај на месниот вевчанско-радошки дијалект |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Мали Влај — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Мали Влај се наоѓа на околу 10 километри јужно од Струга, во планинскиот подгор на Јабланица, на надморска височина од 1.050 м. Во непосредна близина на селото се наоѓа македонско-албанската граница и граничниот премин Ќафасан.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мали Влај живееле 165 жители, Македонци.[2]
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мали Влај имало 192 Македонци, патријаршисти.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 71 жител, сите Македонци.[4]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 165[2] | 192[3] | 288 | 333 | 421 | 312 | 263 | 162 | 161 | 71 | 20 |
Родови[уреди | уреди извор]
Мали Влај е македонско село.
Родови во селото се: Вранишковци (20 к.), Наумовци (17 к.), Трајковци (6 к.), Матевци (7 к.) и Лошковци (3 к.) за сите рода се говори дека се доселиле од селото Ермас на планината Мокра (денес во Албанија). Во родот Вранишковци се знае следното родословие: Коле (жив на 60 г. во 1980 година) Србин-Јован-Анѓеле-Коле-Ниче, кој се доселил во селото. Родовското име го добиле по некоја жена која била мажена во селото од с. Враништа. Во родот Наумовци се знае следното родословие: Србин (жив на 72 г. во 1980 година) Ванѓел-Трифун-Коте-Наум, кој се доселил во селото. Во родот Трајковци се знае следното родословие: Србин (жив на 68 г. во 1980 година) Анѓеле-Јане-Богдан-Трајко, основачот на родот. Во родот Матевци се знае следното родословие: Милан (жив на 71 г. во 1980 година) Мате-Петруш-Ристе-Мате, основачот на родот кој се доселил; Марковци (1 к.) потекнуваат од предокот Марко Герман кој се доселил пред 1912 година како слуга кај Лошковци, а дошол од селото Пројте Сиперма кај Љушње во Албанија.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[7]
- Св. Илија — утврдена населба од доцен среден век;
- Градиште — утврдена населба од средниот век;
- Св. Недела — црква од средниот век.
- Цркви[8]
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Атанасиј“;
- Црква „Св. Петка“;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Водици или на популарно влашански „Свети Јан“ е еден од поголемите верски празници во Мали Влај со најтрадиционални обичаи.
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Селото дало голем број на иселеници. До 1979 година иселеници од селото има во Струга (20 семејства), Битола (15 семејства), Белград (10 семејства), Охрид (7 семејства) и во Скопје (6 семејства). Иселеништвото продолжило и потоа, што може да се забележи по големиот пад на населението.[6]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 254.
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 164-165.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.